VII, 453-690

Народски изреки VIII

453. Да биди по наше, а не по нивно. Оти нашето не можи да биди нивно.

454. Веќе не можиш да се испрајш по долго клечење и коленичење.

455. Трај си, свиркај си, пеј си, играј си, весели се, па ќе ти је мирно срцето.

456. Искористи од мене шо ќе искористиш, само да не ти падни на ум да ме искористиш.

457. Нема фајде од чоек шо мисли само на себе и на никој друг.

458. Со вас ништо, а по вас она шо не ви успеало да го расипите и растурите.

459. Било без тебе, та ништо ќе нема од тебе.

460. Пизма ти ја јади душата и жив ќе те изеј.

461. Моме седи и гувеј од шо си нема друга работа.

462. Љубовта ја сониш без престан откога ја нема.

463. Да си кажам прао, не ми је гајле шо ќе биди со мене ни денес, а камо ли утре. Зато шо сум еден ко ниеден.

464. Ако баш сакаш да знајш, ја и ко стар си тргам маки. Старцки.

465. Ти је полна душата со јадој и жалости, ама не им се предааш. Така треба.

466. Убоо реченото и убоо пишаното се со зборој наместо.

467. Спие мирно ноќум оној шо не се претоваруа денум.

468. На сметкаџијата сметките никоаш не му се чисти.

469. Бистра вода наводнуа родна земја.

470. Бесно куче ем лае ем каса.

471. Толку му је стемнето пред очи, шо и дено му се гледа ноќ.

472. Скока до небо не од шо је здрав ко дрен, ами зато шо му је погодено ем подредено.

473. Се мачел цел живот за ништо, па сега се прашуа чуму то.

474. Каква је то љубов чим љубена не била, нито је за во љубов?!

475. Он дамна не је со нас жив, а је жив за нас исто ко шо беше.

476. Со празноглав ни празноглај не се, а камо ли за него да се. Ама си играат подигравка и си го тераат својто.

477. Никако да треснат на дно, а не им иди во умојте оти паѓаат во бездна.

478. Никако да излезат од жива кал на суво. Ко шо никој досега не излегол од неа.

479. Знајме едни за друзи колку шо ни треба.

480. И после сè уште нешто.

481. Прај добриње и забораај ги.

482. Не је исто да грешиш и да му згрешиш на некој. Згрешуањето е секоаш со поголеми и потешки последици.

483. Со некој си оти ти треба. Ја не сум со никој.

484. Како идат невремињава, така сме сè поназад од оние пред нас.

485. Маските почнаа да им паѓаат сами од себе!

486. Уката је пред сè друго за олеснуање на животецо.

487. Има љубови шо не можат да бидат.

488. Било, а никако да помини.

489. Никој не можи да ме запри да си терам по своему.

490. Ме молчат на своја штета.

491. Ни над едни ни по друзи, ами до сал за себеси.

492. Ако треба да биди речено-сторено, речи го и два-три пати.

493. Се случуа оти не је случајно.

494. Извршителен за пусти пари.

495. Прао збори и прао прај. Ништо да не биди криво од тебе.

496. Саде грешиш и саде се прашуаш каде грешиш!

497. Чуму власт ако не ти је до власт? Да не је оти беше?

498. Ко да те стајле во менгеме. Ни да писниш.

499. И пропаднато пропаѓа?!

500. Никој и ништо не можи да постои сал за себеси. Можи во себеси.

501. Веќе ни се трпи ни се трај.

502. Во љубов заедно, макотрпно, стамено и доблесно.

503. Ништо шо је за нас и во нас да не биди без нас.

504. Сокри се дур` не мораш да бегаш.

505. Знајш оти вреди, ама не сакаш да си признајш.

506. Првин научи да прашуаш, па прашуај.

507. Создаај, па макар создаеното да биди сал за тебе.

508. Растурена фамилија за никаде.

509. Забораени по многу време невиѓаање.

510. Пречки си прајме сами оти никој не нè спречуа.

511. Не си арчам време на будалаштини од политикантски будалетинки.

512. Никакви црвени линии од изроди и предавници!

513. Најмниогу навалици на спокојна живеачка.

514. На љубовта во тебе не ѝ дааш да излези надвор.

515. Нејќам да ве навредуам, ама сте ептен глупај чим глупај ве предводат.

516. Со вас сал било, па поминало по сè шо беше.

517. Она шо го готват, ќе си го сркаат.

518. Добро де, ќе биди по  мое и точка!

519. Ја не делам памет никому. Саде си кажуам шо мислам и како мислам.

520. Слепи при очи со слепец на чело.

521. Очевидното те ништи во поим.

522. Неразбран не је за во политика.

523. Ти минало времето и те заборајло.

524. Шо ви се чинеше кога ве врзаа во јазол? Оти со време ќе ве одврзат?

525. Не те бидуа за ништо, па ај во политика.

526. Ах, пусти пари…за во пустелија.

527. Не се со тебе оти не можат ни бар нешто како тебе.

528. Се мачат со години сè да урнисаат. Ни гледаат ни осеќаат дека се урнисани.

529. Некоаш љубов-секоаш љубов.

530. Навредуаш и гајле си немаш.

531. Глупаа политика од многу глупај во политиката.

532. Не се прај пазар со творечкио дух.

533. Губиш, па се бориш да не се изгубиш.

534. Огно предавнички најпрвин предавниците ги пеплосуа.

535. Излегуа гуска на партиска говорница, па гака ли гака.

536. За греота си оти си дома, а ко да не си.

537. Ја сум за секидневна живеачка на чоечнио чоек.

538. Клучно прашајне је како напред пред сите за напред.

539. Смешно ми је шо измислуаш за праење нешто шо ја сум го праел пред многу години.

Прочитај и за ... >>  Рецензија

540. Не запињај за она за шо не је времето.

541. Не си ни почнал, а мислиш на својо крај.

542. Долг је дено во кој мора сè забрзано.

543. Ти кажуам како је добро за твое добро. А ти слушај ако ти се слуша.

544. Сè је лесно од љубов и со љубов безмерна.

545. Првин напрајте го напраеното ко шо било, па после прајте ко шо можи да биди.

546. Кој не те знај, докажи му се како да те научи.

547. Ништо не му је доста во политиката, та зато не му се излегуа од неа.

548. Понешто сам, а многу со оние шо си ја знаат работата.

549. Лути ветрој им ги бришат трагите на опстаноко на чесните и доблесните.

550. Истрпе шо истрпе и доста је трпение!

551. Глеј си работа со убајни, а не со грдости.

552. Простаклако нигде и никако не можи да се сокрие.

553. Толку је стамен, шо ништо не можи да го поколеба.

554. Создаам дела со лесно, во играње и радуање.

555. Најголемо злосторство је да вршиш предавство на сопствен народ сè до негоо разнебитуање.

556. Не личиш на себеси лакташејќи се и коленичејќи за власт.

557. Во љубовта секоаш појќе даваш од шо имаш, отколку шо примаш од шо немаш.

558. Сал чоечен чоек је за почитание.

559. Со тебе је и среќата, та сè ти оди од рака.

560. Богат шо знај да живеј не трча по богаство. То само му иди.

561. Во сиромашија не се мисли на утрешо, ами на то како да се помини денеска најадено, напиено и како било облечено.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ДОСАДАТА

562. Си досади на себеси откоа им досади на сите.

563. Дигни шо побрго раце од работата шо ти станала досадна.

564. Ем му је досадно ем безделничи.

565. Твојто зборење им стана досадно на оние шо те слушаат, па си се слушаат сами и меѓусебно.

566. Досадно ти је за читање не оти во читаното не се случуа ништо, такво нешто не можи ни да се напиши, ами оти не си научил да читаш.

567. Досадна уста од шо је гладна.

568. Како да ја надминеш досадноста? Замешај се во различни лујѓе.

569. Сведочи за досадна работа со која не се заработуаат ни пари за досадуање.

570. Сработи ја работата, па после досадуај се.

571. Досадно је да гледаш како сѐ течит, а ништо не се менуа.

572. И зборуањето је работа ако не ти је млатење празна слама.

573. Кој работи макотрпно, нема време да се досадуа.

574. Чоек не се уморуа од досадуање, ами од неработа.

575. Од досада сѐ се прај шо не треба, а во корист на своја штета.

576. Кусо живеј оној шо и денум и ноќум се досадуа.

577. Сѐ му је досадно, та дури си досадил на самио себеси.

578. Од шо је секој ден едно те исто, на чоек ни му се јади ни му се пие.

579. Досадата брзо заситуа.

580. Колку је подолга досадата, толку је покусо и понепотребно умуањето.

581. Не ти чини ни смеењето ни веселењето оти ти је од досада.

582. Чим видиш чоек шо се досадуа, пресечи му ја досадата со ветено-сторено.

583. Не можиш да се сокриеш од досада, а таа да не те пронајди и да те надвладеј.

584. Немаш со кога, а сам со себе ти је веќе досадно.

585. Он многу знај, ама не знај како да не досади со знајњето.

586. По колку време стануаш досаден? По многу свое, а по малу туѓо.

587. Многу појќе минливо од неминливо ни се повторуа.

588. Ја настрана од сè и од сите, а во центаро али близу до него. Со сè мое досега создаено и напраено.

589. Најдолги ни се дните и ноќојте исти со оние пред ними.

590. Од ден на ден сме сè помалце на број, а сè прајме ко да не се познааме.

591. Го премолчуаш мојто дело зато шо те онемело.

592. Многу старцки години преуморни од бесцелност.

593. Се извишил со свое возвишено дело.

594. Ма не заслужуаш ни име да ти спомнам.

595. Доста ми је шо сме уште заедно неважно до кога.

596. Имам прао и да те имам и да те сонам, љубов.

597. Остани чоек и чувај си го здравјето, чоеку.

598. Во живото сум прегрмел многу грмежи и громој. И останав шо сум и каков шо сум.

599. Ме замислуаш како шо ти требам. Зато шо сме далечни.

600. Скоро ќе ме нема за тебе засекоаш.

601. Допаѓањето и недопаѓањето се секоаш првични.

602. -И шо бидна со она шо беше?
-Било-поминало.

603. Сè некои знајни по ништо ни се натураат да ги поддржуаме.

604. Денес сите го знаат, а утре никому нема ни да му текне на него. Ни кој беше ни шо беше.

605. Се преумори докажувајќи си на себеси и на оние со тебе оти те бидуа.

606. Лесно ти је да ме догледаш од високо. Пробај од ниско да ме припознајш.

607. Не чини да работиш за друзи работејќи за себеси. Нито друзи да работаат за тебе.

608. Добар си је чоеко, ама не је наместо.

609. Се докажуаше, колку-толку се докажа и доста ти је.

610. Љубовта и слободата секоаш одат рака под рака.

611. Стар чоек проблем?! И жално и срамно.

612. Најсетне успеа да им се пикнеш под кожа, шо да не можат да се смислат без тебе.

613. Не сум рекол ниеден лош збор за никого. А мене колку шо ми рекле лоши, толку ми сториле лошо.

614. Сè за пари и со пари. Сосе живот и смрт.

615. Доста јадеш трици, свињо непрокопсана!

616. Ги има измеќарите на туѓини дури им вршат работа, па ги снемуа откоа ќе престанат да им вршат ко никоаш да не биле.

Прочитај и за ... >>  Двајца

617. Се продадоа себеси за мали пари, та сега слугуаат за без пари.

618. Аздисаа, та сега нема кој да ги заузда.

619. На накриво насаден сите му се криви.

620. Тешко на народ и негоа држава со прости богатници на власт.

621. Нему сè и од сè му је доста. Зато никому не му дозволуа да му се качи на глаа.

622. Не можи бесцелно ни стоење во место ни одење напред. Назад исто ко нигде.

623. Најмногу љубови во свет шо се памети.

624. Мнозина не знаат да живеат богато.

625. Сè подалеку едни од друзи. Дур` се пчлашиме и да се припознааме.

626. Од долго ем непрестано уривање ѕидој со глаи, саде урнатини околу нас ем лујѓе обезглаени.

627. Сè прај без пари-за себеси.

628. Остај нешто добро и убоо зад себеси.

629. Биди самосвесен, самобитен, самостоен и колку можи појќе независен.

630. Ти дробиш, а тие шо ги предводиш го сркаат ли сркаат издробеното.

631. Да те поживеј Голспод толку чесен, искрен, доблесен и чоечен.

632. Блазе си ти шо успеа да се возвишиш саде со труд и мака.

633. Рожбата да ти је од љубов и секоаш со љубов. Каква и да ти је живеачката.

634. На народо му је прекипено и уште се надеа!

635. Ќе се најди ли макар еден од политикантските арамии шо ќе се натера себеси да го врати украденото од народо?

636. Шо би било меѓу нас, љубов, кога би се нашле по многу мои и твои години? А шо би можело да биди?!

637. И војна и мир, а ни војна ни мир.

638. Секој можи да поможи некако. Само да сака али да има интерес.

639. Исто сакаме, различно се вложуаме во сакајњето.

640. Само жалам шо не се разбрало оти не се дослушало од мене речено и доречено.

641. Бидете сериозни кога му ветуате на народо за да ви дај власт.

642. Најпрвин разделете го она шо можи да се напрај и создај без власт, од она шо не можи без неа.

643. Зар треба да се докажуа оти за исконски народ први биле и секоаш ќе бидат културата и создаањето?!

644. Не гледа од носо подалеку, а не знај ни да си го исчисти затнатио нос.

645. Ај избери меѓу дволичен и безличен, да те видам!

646. Ја сум за виден со почит и авторитет.

647. Сум со лујѓе кои и ме знаат и ме познаваат како шо сум. Најпрвин самосвесен.

648. Секој за сите од свое и на вистинско место. Само така се напредуа.

649. Сал совреме брго.

650. Не му давај на душмано ни да ти го мисли, а камо ли да ти го крои утрешо по негов терк.

651. Љубовта и страста се секоаш заедно, една до друга, а никоаш една пред али по друга.

652. Ќе го бранам твојо спокој оти го имам научено како стожерен во долгио живот.

653. Валкани лујѓе со валкани траги кои нито се чистат, нито се сокриваат.

654. Ту бре, ни за мајтап не те бидуа.

655. Се обидуа, ама не можи уште на почетоко да не се покажи, па после да се докажи болната амбиција.

656. Излажа и остана жив за да продолжи да лажи.

657. Учи, дознаај и прашај додека не решиш да решиш.

658. Не арчи се за никому ништо.

659. Шо прајте со грешките непоправливи? Зар ги остаате такви?!

660. Различностите не се за меѓусебен натпревар.

661. На избори не се победуа со ќе, ами со како и со шо.

662. Се радуа на мали нешта оти за него нема големи.

663. Поскоро ќе стасаш на целта ако знаеш колку је таа близу али далеку.

664. Од тебе, чоеку, најмногу зависи сè шо замислуаш, посакуаш али ти је нужно.

665. Ќе живее нивната голема и длабока љубов по нивната смрт.

666. Злодејните со својте зли дејанија брго ќе ги прегази и збрише времето. Исто ко шо тоа прегазуа и збришуа лепешки.

667. За разлика од едни и друзи, ја знам многу непријатели шо се пријатели на мојте непријатели.

668. Пазариле пезевенци стоки ниедни за слугуање, па се стајле на нивно чело за да страховладеат.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ПИЗМАТА

669. Со добра мисла и добрина против пизмата.

670. Он те пизми гладен и жеден, а ти му нудиш леб и вода.

671. Пизми змија во нечоек.

672. На лице овца, во срце волк.

673. Пизмата си го покрива лицето со многу маски.

674. Се пизмат овчар и пес, а волко бестрашно се гости со овци.

675. Мали пизми праат голема пизма, па ја праат предводничка.

676. Непријатело нѐ пизми оти вредиме, а пријатело оти вредиме нѐ сака и нѐ почитуа.

677. Тој шо пизми не знај шо је то правда.

678. Пизмата и гнево стареат бавно.

679. Колку да ја криеш својта пизма, не се крие пустата. Напротив, со неа дури пари прајш и во богаство живејш.

680. Пизмата секоаш ја дружи зависта.

681. За во пеколо је тој шо пизми.

682. Не била љубов љубов шо родила пизма.

683. Со пизма брго сам се ничкосуаш наземи. Со љубов се издигаш сѐ повисоко и повисоко.

684. Дамна је докажано оти пизмата не се сотира со пизма, ами со благост и доблест.

685. Чоек со лујѓе чоечни не знај за пизма.

686. Од оној шо пизми, и роднини и пријатели се тргаат настрана.

687. Победи ја пизмата во себеси и не ѝ давај да се вовлечи во друзи.

688. Пизмата не ги ни допира праведноста и честитоста.

689. Пизмата шо ги негуа лагата и измамата је најголемо зло.

690. Кај шо владеј пизма, не се родуа љубов.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ VII

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.