НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 625-657

Потребно време за читање: 2 минути

625. Организирана мафијашка држава од врво до дното. На дното народо од кој је таа украдена.

626. Шо поскоро беагј од апашишта, ако не сакаш да те напраат апаш.

627. Чеснио ќе умри чесен, а нечеснио до смрт ќе го мачат нечесни болештиње.

628. Некој не мисли оти је среќен брако меѓу бизнисмен и политикантка на власт?! Не можи да има посреќен.

629. -Оти ми бегаш, момиче?
-Не ти бегам, чиче, ами ти се истаам од пато.

630. Нема кој шо не се мајтапи со политикантиве на власт, а они го испокрадоа народо и ич си немаат гајле.

631. Кога немаш со шо да се фалиш, не терај ги да те фалат твојте. Брго ќе ти свртат грб.

632. Луѓе, шо ќе им прајме на толку накотени абдали, изроди и предавници ко ќе ни дојди редо?!

633. Само да ја вардиме матната шо ќе ги однеси. Да не излези од коритото и сè шо је уште наше да преплави.

634. Никоаш да не креваш раце од праено недопраено.

635. Меѓу мене и мојта љубов гора шо веќе немам сила да ја прелетам.

636. Ако си ти ти, да си продолжиш по својо пат кога ја ќе запрам на мојо.

637. Политичките будалаштини се за да пукниш од смеење оти ти је до плачење.

638. Ништо не прајме дури дозволуаме да ни праат.

639. Со мене не мојт оној шо не мојт сам со себе и сам за себе.

640. Добрососедството је за живот, а не за посегање по соседско, себична лажна живеачка и заградуање со ѕидој.

641. Убајната и љубовта не се арчат. Се арчат парите и сè купено со пари и продаено за пари.

642. Народо тоне сè подлабоко, а власта сè појќе излегуа на поврвнина со својте предавничко-апашки дејанија.

643. Власта му го загорчуа живото, а нему му је од слатка послатка до најслатка.

644. Веќе не се издржуа, ама издржуаш.

645. Нервите им се кинат, на некои им се скинати, ама се на власт. При то не ни помислуајќи оти со такви се збудалуа начисто.

646. На натурен властодржец му је џабе шо се замешуа во народо. Поготово шо је ненароден.

647. Убаво им било кога си бил со ними, та не те заборајле оти по тебе ич не им је.

648. Ако си ме заборајла, то значи оти нито си ме сакала, нито ме сакаш.

649. Она му је сè помалце нежна полојна, а сè појќе је груба према него.

650. Народецу, развласти го џганов на власт и збриши ги нивните политикантско-апашки партии. Ти го мојш то!

651. И мене не ме бендисуаат многу нешта и мнозина во живото, ама него го живеам и катаден се борам против ними.

652. Стар бел дедо:
Ја конечно надвладеан?! То не можи да биди дур сум жив. Па и по умирачка!

653. Често не погаѓам во центаро, ама ко ќе погодам погодено је.

654. Чоек најубо се фаќа во свое оро и пеј своја песна.

655. Важно сум пишал нешто шо не се бриши. Па кој прочитал-прочитал, кој не прочитал можи некоаш да прочита.

656. Мака ми је, чоеку, да те гледам јаден, страден, гол, жеден и гладен, а со наведена глава.

657. Народецу, да избираш луѓе за на власт саде чесни, умни, учени и опитни. Ако не ги знајш, узнај ги во меѓувреме.