1. Ич не се надеаме на утре со вас. Зато шо денес ни го ништите надеањето.
2. Му го тресна во сурато, а он сал се насмеа кисело.
3. Црно ни пишале, а ние ги гледаме бело.
4. Газат по наша земја и ја запустуаат оти тоа им го дозволуаме.
5. Према ними не треба со умност. Достатна је итроштината.
6. Да си речиме и решиме оти соседите ни се какви шо се, па со ними да бидиме исто ко да не ни се.
7. Белосвецкине ко шо ни идат, така да си одат.
8. А занданите уште празни. Чекаат да ги вдомат мафијашите слуги велепредавнички.
9. Има во свето земји суредени буквално прекуноќ. Еј вие на власт, зер не знајте ниедна и како се суредила?!
10. Да си до кај и до кога ќе бидиш шо си.
11. Никому да не му дајш да те скршни од пато по кој одиш со крената глава.
12. Власта и народо се едно во своја држава.
13. Како се владејш, така ќе владејш.
14. Секој чекор во чекор со мене мора да ти је стамен.
15. Вчера било шо било по нивно. Отсега да биди по наше за да има и за нас утре.
16. Права непорочна љубов је чим играат две срца во неа.
17. Сè од мене сега за однапред.
18. Многу сум создал за допрва да се сознај и признај.
19. Расипуа напраено оти не знај али не сака ни да допрај, а камо ли ново да напрај.
20. Ако неќиш да ме слушаш, слушни се шо збориш.
21. Живио глас не се забораа.
22. Ништо во живото не је за џабе. Сè је со причина и некаква последица.
23. Бар на сон ми идеш.
24. Ми се гади од мизерии.
25. Највистински те прикажуа то шо го прајш и го остааш зад себеси.
26. Го знам чоекот. Мивка је.
27. Мене не можиш да ми продајш рог за свеќа.
28.-Кај си бе?
-За тебе нигде.
29. Нејќам да се сеќаам на тебе.
30. Ако не вака, тогаш онака. А времето си врви, нема ни да сетиш кога ќе изврви.
31. Глас се слуша до негде-громоглас до којзнај каде.
32. Немало, нито можи да има војна без прикриена али добро сокриена крајна цел.
33. Мора свои луѓе на свое место.
34. Секоаш уште кога је доста.
35. Моето не се знај до кога. Докажи од кога твоето.
36. Остајте ме да ми биди ко шо ми је. Чим веќе не можи да ми биди поарно.
37. Зошто да ми треба то шо го немам?
38. Си имаме свои светој без наш. То не је љубов.
39. Ја тебе те знам за однапред, а ти мене не од веќе многу дамна.
40. Лека-полека на нас не можат да се сетат ни оние на кои сесрдно сме им помагале.
41. Ти за мене не си вреден оти не си еден со она шо је само од тебе.
42. Во нашево време ојде времето за ќе биде.
43. Најсетне и пред мене и по мене без мене.
44. Мајтапо ти је најздрав кога се мајтапиш со простак и негов простотилак.
45. Си редите награди кои се срамите да ги носите на гради со кренати глаи.
46. Предоцна је за шо било да напрајме за наша љубов.
47. Виден, а непризнаен.
48. Ја и ти неспоредливи.
49. Неучен и неопитен, а големец. Таков саде меѓу итри и будали.
50. Никој не знај дал је жив али мртов, ама фали.
51. Наградите секоаш појќе зборат за наградуачите, одошто за самите нив. Зато они често се кријат.
52. Тапоумноста је безгранична со сила на тапоумни.
53. Трпението најсетне вади на бело видело сокриени намери.
54. Секоаш има појќе шо се вртат како дува ветро, од оние на ветромет.
55. Расипуаш, а не прајш оти страховладејш.
56. Ти самио не се знајш себеси толку, колку шо те знам ја.
57. Биди најгромогласен кога не сакаат, ама не можи да не те слушаат.
58. Ти растеш, они ем стануаат сè подребни, ем се нетребни и бедни.
59. Ниедна трага твоја ни во мојата ни со мојата.
60. Смачено ми је од ними, а они навалиле да ме докусурат.
61. Баш ми је гајле шо им бериш гајле.
62. Лујѓе, мав ни је работава. Нè мавтосаа и нè мавтосуаат.
63. Одзади секој, однапред уште понекој. Шо ли ќе се прај кога секој откај ќе му се присака!?
64. Дур не им се исповатат глајте, ќе мрдаат со опашите.
65. А бе ќе се стрпиме, ама појќе не мојме да трпиме.
66. Народо гладуа, а они јадат трици.
67. Не можите да збришете народ до последен од него.
68. Не слушате умни и опитни, па после ѓаоло ви је крив.
69. Они сал за пари, ја и денес за утре без пари.
70. Мака за сите си ако те стајле за од тебе да биди, а тебе не те бидуа.
71. Поради предолго чекање мнозина не дочекуаат.
72. Најпрвин власта мора да покажи и докажи дека је власт.
73. Мафијата ги држи замрсени конците во свои раце.
74. Ти имаш зато шо ние немаме.
75. Никому не му сакам шо ми било и ми је мене.
76. За нас и од нас ништо откога сме до смрт далечни.