177. Он лажи, а они се платени да му веруаат.
178. Ти иди дома и ти го соли умо.
179. И три кила сол ќе изеј само са за да биди по негоо.
180. Го заборајвме чоеко шо немаше друг ко него.
181. Ако прозборам, ќе се најдиш во небрано.
182. Понекоаш не ми је криво шо не прочита од мене пишано, ами оти се изнамачив да напишам.
183. Доста ти било од мене, а од мене ништо за тебе!
184. Политичар со болен ум, а на власт!
185. Негоото либе му се срди оти ништо не му прај.
186. Заљубени и дишат и не дишат ко еден.
187. Да не си му во кожата, а од кожа те вади.
188. Ништо не му праам, а ме пизми. Зар можи зато?
189. Најголемо посакуање:
Биди здрав дур си жив.
190. Да те забораам оти си ме заборајла? Е, то ја не можам.
191. Првин те учат да не читаш, сетне да не слушаш, па најсетне да си слеп при очи.
192. И така, едно по едно ти дојдоа до умо. Ни он да не ти треба.
193. Злоснио првин за злоупотреба, а после за употреба.
194. Било и ќе биди дур не се опаметиме.
195. Старо аро ни со инка не можи да му тура ум во глаата на младо аздисано.
196. Отсекоаш:
Вештачко за да не биди природно.
197. Ослепен од убајна:
Сè од мене за бар уште еднаш да те видам.
198. Од мене доста је шо је напишано и обзнаено. Ако је ко да не је.
199. Ако можиш сам, секој сака со тебе.
200. Бар слушни на шо те опоменуам.
201. Со правио сосед можиш секако.
202. Ние со сиот свет. Ја со Европана ја без неа.
203. Аком ми го цениш делото, тогај плати ми го ко ценето.
204. Лична слобода је за себе да напрајш или обзнаниш шо сакаш, кога сакаш и колку сакаш.
205. Ученио учи да учи.
206. Ако ти је грижа за нешто шо не чини, ти напрај го да чини.
207. Шо остаам за некој, можи и за некои? Нешто без шо не се можи кога не се можи.
208. Сосила не се забораа. Само не се спомнуа.
209. Празнотија во самотија исто колку самотија во празнотија.
210. Не прајме ништо со оние кои не веруаат оти можиме.
211. Скапотија за сиромашење на народ, бедотија за богатење на богатници.
212. Саде убајна во тебе, љубов.
213. Многу време на старос истрошено за бадијала.
214. Не го вади од уста, ко да има уплав од него.
215. Ќе треснеш зелена и ќе останиш жив зелен до следно тресење.
216. Убаа је, ама је многу зборлеста.
217. Ја го мислев доста знај и се разбира од политика, а он тапа.
218. Се резили јавно по алчно крадење на народо, наместо да проба да се прикрие и молчи до ниедно време.
219. Да се соголиш до гола кожа или да носиш шо тесно ти скроиле.
220. Стој си на зборо за да ти го ценат и да не те ваќаат за збор.
221. Ех, кога би немал гајле бар од вечер до утре сабајле.
222. Треба да си и прав за да бидиш здрав.
223. Прај сам кога не праат друзи за да биди напраено.
224. Можи некој без љубов? Не. Можи секој за љубов.
225. Не је ни здраво за шо било и како било да бидиш против. Здраво је да бидиш за зато шо си против.
226. Сè је поверно оти ќе замолчам до смрт кога сè ќе ми дојди преку глава, шо да не можам појќе ни да мислам.
227. Отсекоаш је вака:
Чоек најмногу работи за себеси кога му је најтешко.
228. Народо најмалу се надеа на власт која најпрвин уште здравото не го чисти решително од сè гнило.
229. Ако нема народ, нема ни држава ни власт. Има пустошија.
230. Ем не читаш, ем не слушаш, ем не глеаш оти нејќиш да мислиш.
231. Не се прашај дали ја и ти бевме заедно. Прашај се како.
232. Толку блиски, а со години ни видени ни чуени.
233. Ја те паметам уште од деца, кога не можевме еден без друг ни денум ни ноќум.
234. Не је баш ко шо се велеше оти ќе биди, но ко да је тргнато на поарно. Само народецо топтан да не фати џенем.
235. Лошотилако расипуа до шо ќе се фати, а за да не можи ништо да се прај али напрај за однапред.
236. Можи заем само ако знајш како ќе го вратиш.
237. Бори се за слободна живеачка сè дур си жив.
238. Било и никако да помини.