Народ

Потребно време за читање: < 1 минута

Гласот на народот си има свое време во време вчерашно, денешно, утрешно. Кој не го слуша, ниту себеси ќе се слуша, ниту друг ќе послуша.

Голем народ со своја држава, голема без оглед колкава е. И кога не е цела, кога е распарчена, кога ѝ се насилно одземени делови и припоени на други, соседни, со никогаш добрососедски народи. За никогаш да не се обединат, та да стане каква што била некогаш? За жал, така е и така ќе биде до којзнае кога, токму затоа што нејзиниот народ е голем. Исконски, со вековна и вековита борба за свој опстанок.

На голем народ настрвени и однадвор и однатре. Да го обезличат, да го разнебитат, да не постои во светското паметење. Сосе идентитет, јазик, траги, традиција, историја, култура, стојности.

Голем народ без држава? Имало и има такви во светот. Кои се борат до смрт и ќе се борат до последен жив.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 98