Напредок

Потребно време за читање: < 1 минута

Се напредува според силите, можностите и вредностите. Се напредува според знаењата и способностите. Некој побавно, некој побрзо, некој постапно, а некој скоковито. Не чини пребавно, пребрзо, не чини наеднаш, прекутрупа.

А стоење во место…Тоа е невозможно сè дури се има, се одржува и се поттикнува незадоволство, еднакво и недоволство. Од состојба/состојби и од перспектива/ перспективи. Кога трае долго, та предолго, задоволстството значи и назадување.

Човекот постојано напредува, од една достасана цел кон друга, светот од него и со него, а животот може или не може, мора или не мора заедно со него. Животот постојано напредува за на човекот да му даде смисла на постоењето и траењето.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 114