Некој намерник
застанал на праг
на нов дом на човек
кој веќе долго време
се обидува
да се надмине себеси
и конечно
да им пронајде мир
на своите тела
живи исто
колку што се мртви
по векови минати
сегде сосе нигде.
Човекот го демне
низ клучалка на сон
последен
пред да се раздени
како да го чека
да реши дали
да почука
или да го продолжи
својот пат.
Сè уште не решава
да отвори да го прими
во својот нов дом
зашто добро знае
што би значело тоа
за еден намерник.
За еден намерник
тоа би значело
дека конечно
се вдомил
по долги лунѕања
низ празнини
и мразнини.
Нема сомнение дека
човекот кој веќе
долго време не успева
да се надмине себеси
и конечно
да им пронајде мир
на своите тела
конечно успеа
среде урнатините
на негов дамнешен
стар дом
да си направи нов
во кој ќе живее
идни векови
сегде сосе нигде.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталациј, 57




