Напредокот на медицината овозможи широк распон на медикаменти за лечење на бројни болести, но научниците сугерираат дека некои можат да се лечат и на поинаков начин.
На луѓето кои патат од алергии им сугерираат да се избричат. Сите мажи кои имаат некој вид на алергија, поради која често киваат, треба да ги избричат мустаците и нивниот проблем ќе исчезне. Причината е едноставна- зрнца на полен се задржуваат на влакната, па константно ги иритираат дишните органи. Ако некој не сака да ги избричи, препораката е миење со сапун барем два пати дневно.
Интересен совет некои им даваат и на луѓето кои патат од мигрена. Имено, се што треба да направат кога ќе добијат напад е да помирисаат јаболко и болката ќе се намали.
Совет кој без сомнение некои жени одвај ќе го дочекаат се однесува на носење на високи потпетици. Според едно истражување на британски научници, носењето на штикли може да биде одлична превенција против артритис и болки во колената.
Истражувачи носат добра вест и за сите оние што сакаат да вежбаат и да останат фит: по тренингот подобро е да испијат чоколадно млеко отколку вода. Одговорот зошто е тоа така се крие во протеините што ги содржи млекото, како и во помалото количество на шеќер во однос на ароматизираната вода и енергетските пијалоци што обично се препорачуваат по тренинг.