12. Несподелена
Во самота само една болка
со никого споделена
трае којзнае од кога во мене,
а не ѝ дозволувам премален
од струполувања
да ме остави на сува земја.
Болка е собрана в коски
по многу преживувања
неизвесни, бесцелни,
рамнодушни, безгласни;
дека не можам ни миг
на сува земја да бидам,
камо ли во неа трага крвава
зад себе да оставам.
И неа би ја споделил
со кого било
ако во мојава самота
песна од тишина препеана
ме извиши до небо
како воин непокорлив.