Се собрале живи и мртви
мудреци
околу разгорен оган
пред почеток на ново доба
на народ безроден.
Секој изрекол своја мисла
за конечното гаснење
на сечиј живот во векови
што не оставаат траги
безвременски.
Се согласиле дека нема
каде надвор од простор
обграден
со скаменети траења
на љубови
па нема друго освен
народот безроден
да го почне новото доба.
Се согласиле мудреците
живи и мртви
како поразени души
па сите еден по еден
се фрлиле
во разгорениот оган.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Разурнат град на птици, поетска инсталација, 53




