Мрака

Потребно време за читање: < 1 минута

Паѓа мрака како вечна
мрака ноќе среде ден
ниеден.

Мраќава е жива
дише мрачна
зарем бездна ќе е
мрачна река понира
помрачена во неа.

Мрачен човек од мрачнина
во мраќава мрачно лице
има
како помрачен од мисли
во мрак со мрачна сила.

И мрачни собитија
и мрачни души заедно
се мрачат.

Стварност мрачна денес
мрачна утре
мрачно во ден мрачен 
за мрачно невреме.

Се мрачи мрачна река
во бездна понорница.

Мрачно лице се мрачи
до прва мрака.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 50