Една можност отфрли
далеку секоја друга
откога се загледа
во неизмерно далечна
молња меѓу два огна
и модри очи облачни.
Можност да се стаса
во вистинско време
додека молњата
не удри во земјата
не продре сè до јадрото
нејзино
којзнае до кога во молк
кој ништо не може
да го раздели без знаци
препознатливи
од воини оставени
да се борат до смрт
за лична слобода.
Значи, нема двојба
дека едната можност
е единствена
и мора да ја искористи:
молњата меѓу двата огна
меѓу модри очи облачни
мора да со голи раце
да ја фати
пред да удри да продре
сè до јадрото на земјата
па од неа да искова меч
двосечен
со кој ќе пробива
свој пат до нов живот.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, 71
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.