8. ЗА РАБОТАТА
1. Сврши ја работата така шо да биди свршена.
2. Не је арен комшија кого го чекаш да ти поможи во работата.
3. Не пречи во работа шо не је твоја.
4. Неарна ти је работата од која сакаш брго да куртулиш.
5. Испати од работа без пари.
6. Цел живот се отепуаше од секаква работа, а не спечали ништо.
7. Совреме вати ја работата и ќе биди ко да се свршила сама.
8. Кој си ја гледа работата, и она ќе го гледа него.
9. Труди се, мачи, саде работа не губи.
10. Безработнио и со ѓаоло је другар.
11. Не ја брзај работата, ако сакаш да се сврши ко шо треба.
12. Ниедна работа сама не се сработуа. А не се остаа ни друг да ја сработи.
13. Те мрзи да работиш, па тераш друзи да работат за тебе.
14. Безработнио го тера работнио да играат секакви играчки.
15. Денеска сети се на работата шо не си ја свршил вчера.
16. Не ти чини работата од која не знајш шо ќе излези.
17. Работи ги работите една по една. Нема работи кои се работаат сите наеднаш.
18. Ја мразиш работата дека те мрзи да ја работиш.
19. Ја милуаш работата и таа те милуа тебе.
20. Старите не можат да работаат ко младите прибидејќи ја немаат нивната сила.
21. Имаш шо да јадиш оти има шо да работиш.
22. Совреме сработуај важно, па несетно совреме ќе сработиш и неважно.
23. Биди секоаш спремен за работите кои зависат од времето.
24. Блазе му на оној кому и најтешката работа му је лесна. Оти ја научил со ништо да не можи да го начека неспремен.
25. Учени остаени без работа од неуки.
26. Обично најтешка је работата пред свршуајње.
27. Работиш до истоштуајње за бар малце да ја опрајш мачната живеачка.
28. Ни љубов не трпи љубов шо нејќе да работи.
29. На крајо секоја работа се исплатуа и наплатуа.
30. Не работи нешто од шо никој нема никаков ќар, а сите се во зијан.
31. Магарето го тоарат со секакви тоари оти је саде за тоарање.
32. Од работа никој не оболел.
33. Работиш за да живејш ко чоек, а не да живуркаш ко нежив за сите.
34. Се качуаш на скалата на живото мачно оти ти је мачна работата.
35. Во глад ти свршуа дено оти си работел залудно.
36. Нечоек си ако работиш али не работиш за нечоек.
37. Работиш и не мислиш заошто ти је сѐ ко шо не треба да биди.
38. Мачна работа је да го чистиш твојо пат од трње, шилести камења и лути треви.
39. Ти чини сработеното оти си го работел со сакајње.
40. Ти фали време за работа шо ти лежи.
41. Почни ја работата и продолжуај ја дур` не ја дотераш до крајо.
42. Радуј се, чоеку, кога имаш работа шо сосем те исполнуа.
43. Лујѓе кои работат ко мравките имаат и за убај и за лоши деној.
44. Не почнуај работа која не знајш колкаа је, за шо је и до кога ќе биди.
45. Работиш цел живот за да бидиш чоек до умирачка.
9. ЗА МИРОТ
1. Миро је секоаш со правината и благодатта.
2. Чим нема мир, на ништо арно да не се надеаш.
3. Во мир гајлиња малу и мали.
4. Ако је немир, треба сè да се прај за мир.
5. Кога делиш, дели како је право за мир.
6. Нема сосила мир во фамилија во која секој влечи на своја страна.
7. Глаата ќе ти је мирна кога тераш правина.
8. Миро на срцето је најголем кога је то во љубов.
9. Мирна добра, блага и широка душа.
10. Смирни лујѓе ништо не праат за наштетуање другему.
11. Мир во слобода, мир за слобода.
12. За болен прво мир, па после иљач.
13. Ми треба тишина за мир.
14. Нема догоор за мир, ами за разбирачка, споделуање и сопатништво.
15. Збори мирно за да те дослушам.
16. Ја не познаам мудрец во немир али за немир.
17. Блазе си им на оние шо живеат во мир. Они ем знаат ем учат, ем умеат ем можат.
18. Мир со вас, лујѓе божји. Ако сте лујѓе.
19. Има за чоеко надворешен мир кој е со него и внатрешен мир во него. Надворешнио му је за да не биди сам, а внатрешнио за да се надминуа себеси. Кога се они во рамновесие, има разбирачка за сè.
20. Немирен дух твори во тишина и мир.
21. Ако је водата разбранета, не можиш да се огледаш на нејната поврвнина ко шо си.
22. Во тебе мир на досегнати височини, во тебе и немир на недосегнати.
23. Брани го мирот по секоја цена за да бидиш свој во него.
24. Колку појќе желби големи и мали, толку помалу мир и удоволствие.
25. Мирно срце неплашливо.
26. Мојо мир за сите на кои им е требен.
27. Во мир со сиот свет оти миро ти је светост.
28. Од кај ми иди миро? Он је секоаш во мене.
29. Да се живеј и да се умри во мир.
30. Избираш со мир да им се спротивставуаш на злото и јадоста.
31. Од стресој многу болештини. Сè до неизлечива.
32. Во мир можи да се напрај многу, а во немир сè да се расипи.
33. Мирно ми је срцето ко ќе го слушнам мирно нејното.
34. Конечно си нашол мир? Одлично. Сега брани го.
35. Грижата нито дава, нито подаруа мир. Напротив, него го ништи дур`не го збрише.
36. Во радоста мир шо трае.
37. Ти нејќеш мир чим грабаш од туѓо минато.
38. Мир и спокој со лујѓе со ведри лица, добриње, јасни мисли и добродетели.
39. Даруаш секому мир и спокој, та секој сака да биди со тебе.
40. За мир секоаш. Не вреди привремен.
10. ЗА МААНАТА
1. Нема чоек без маани. Едни се поднесуаат, а друзи не.
2. Од шо имаш многу свои, не ти се гледаат туѓи маани.
3. Откриваш кај чоек шо го сакаш маана по маана и се оддалечуаш од него.
4. И една маана можи да растури шо је меѓу двајца.
5. Твојо коњ нема маани сè дури ги претрчуа друзите.
6. На предводнико следбениците не му ги гледаат, нито му ги мерат мааните.
7. Слеп за својте не гледа туѓи маани.
8. Имаш една маана: дека мислиш оти је само една.
9. Се прилагодуаш на маана шо ја знајш.
10. Не ги попречуај твојте маани да излезат на виделина. Можи да те задушат.
11. Си ги фалиш мааните дека има полоши од ними.
12. Мааните надминуај ги не чекајќи некој друг да го стори тоа.
13. Можи ќе ти биди полесно да се спрајш со согледана маана.
14. Знајш чоек без маани? Освен тебе, ја не знам друг.
15. На противнико не му ја откриај својта најголема маана. Он ќе ја научи ко најмала.
16. Секој против секој со својте маани.
17. Има маани кои не можат никако да се сокријат. Најдобро је тие да се остаат сами да се откријат.
18. За едни маани, за друзи добри страни.
19. Едни маани за дома, друзи за надвор? Е, така не можи.
20. Сокриените маани побрго го расипуаат чоеко.
21. Ти ги знаат маани за кои не би ни помислил. Они не се твои, ами од зломисла ти ги смислуаат.
22. Оние со тебе појќе ги знаат твојте мани одошто ти нивните.
23. Се сретиле две маани, па се сплотиле.
24. Ми ги глеаш мааните, а се прајш ко да не ги гледаш мојте доблести.
25. Не ти чини врската со оној кому му ги бараш само мааните.
26. Во љубов мааните стануаат заеднички.
27. Ѝ наоѓаш секакви маани зато шо не је за тебе.
28. Гол и бос со многу маани.
29. Бори се против својте исто како со туѓите маани.
30. На изгрејсонце едни, на зајсонце друзи маани.
31. Заборај ги мааните на оној со кого ти је мило шо си.
32. Добар чоек је оној чии добродетели во него ги надминуаат негојте маани.
33. Како то исти маани ко твојте казнуаш кај друзи?
34. Двајца со различни маани брго се зближуаат.
11. ЗА СЛОГАТА И НЕСЛОГАТА
1. Се расчаталиле корени над земја за да бидат на виделина.
2. Ако леташ високо, по време ќе останиш сам на небото.
3. Богатио го тера сиромајо да не осиромаши до толку, шо да не можи да се богати на негоа сметка.
4. Чисти се раце кои се помагаат меѓусебно за да не се извалкаат.
5. Самоволнио му наштетуа на секој шо не му је по волја.
6. Сложнио добиток на стопанино му служи и кога му треба и кога не му треба.
7. Во слога се гради, во неслога се кради и урива.
8. Ништо не је појако од сложност.
9. Секој со сите, ако се сите за секој.
10. Живеј сложно со оној без кој не се живеј.
11. Сложни браќа им пречат во сè на несложни.
12. Се сложиле едни да се сложат со друзи, откога разбрале дека сал слога ќе ги однеси незамисливо далеку.
13. Меѓу сложни сила не игра.
14. Нема оган во домашно огниште за несложни.
15. Збори му шо мислиш на оној шо се сложуа со тебе.
16. Сложен народ и од дивина прај питомина.
17. Брго го излечија со сложно лекуање.
18. Млад ветар пази како дува меѓу стари. За они брго да не го издуваат.
19. Живеат заедно оти се согласни во сè.
20. Беа несложни, та брго се забораија.
21. Непријатело најмногу се плаши од соседи кои живеат сложно.
22. Цело семејство сложно против семеен непријател.
23. Влегол туѓин во семеен круг и брго го разнебитил.
24. Сложни другари на пат едни во чекор со друзи.
25. Си дале збор оти ќе се слагаат и кога нема да мислат исто.
26. Меѓу сложни нема ѓаолштилаци.
27. Несложни им се тргаат од пато на сложни.
28. На сложни ништо не им је ниту недофатно, ниту недостижно.
29. Ако има слога, има денес живот сосе утре.
30. Нема слога со богата трпеза на богати и сиромашна на сиромашни.
31. Богато живеј оној шо је сложен со сиромаси кои му работат али му служат.
32. Брго се урива куќа во која владеј неслога.
33. За сложни нема опасности.
34. Слогата најмногу им помага на оние шо ја научиле ко сила неизмерна.
35. Сложни до победа. Несложни сами се поразуаат уште во првата битка.
36. Слогата најмногу зависи од разбирачката и сакајњето.
37. Ништо не им фали на оние шо живеат во слога.
38. Свето је сложен да биди слободен за сложни.
39. Кој разделува за да владеј, саде пустота остаа зад себе и околу себе.
40. Никој не успеал да согради дом за несложни.
41. Колку слога, толку сила.
42. За сложни нема ни мразнина ни мрачнина.
12. ЗА СРАМОТ-СРАМОТАТА
1. Малу срам не је на одмет. Многу не чини. Не је ни здраво.
2. Срамо го подјадуа чоека однатре сè дур` не го изеј шо да не личи на чоек.
3. Си собрал на пато туѓ срам кој никако не можи да ти поможи.
4. Ако си изгубил каков било срам, ќе те стаса бесрамие за да те дотолчи.
5. Срам голем је за тебе да не знајш како сам со себеси.
6. Во очите ти се гледа срамо. До толку ти је голем.
7. Од мал срам чоек не бега, ами од голем.
8. Страво не треба да има никаква врска со срамо.
9. Страмота је соголен до гола кожа да му се прикажуаш на народо.
10. За грев и страмота је богатнико шо се обогатил на грбо на сиромајо.
11. На бесрамнико не му се бројат срамојте зато шо не престануа да ги прај.
12. Си ја гледаш бедотијата во огледало која си успеал да ја сокриеш зад убаа маска.
13. Срам је да не работиш, ама уште поголем је срам да му работиш за милостиња на богатник.
14. Нема срам од ниедна работа шо се работи чесно, лесно и задоволно.
15. Нешто ти фали чим не се срамиш оти ништо не работиш.
16. Мора да научиш како во живото се стануа по паѓање и се оди напред. За да не се најдуаш во срам од пајѓање.
17. Црн ти бил живото кога си собрал толкуа голема страмота.
18. Страмотата најпрвин го ништи срамо во чоеко и го валка.
19. Правио чоек се срами од свој срамој.
20. Од жив срам поарно да не се живеј.
21. Кој се валка бесрамно, прај сè и друзи да извалка.
22. Облекуаш валкани алишта оти те извалкало бесрамие.
23. Никој не сака да биди сам со својта срамота. Гледа шо побрго да посрамоти некој нему близок.
24. Се усрами пред личотија, а она му се смеј в лице.
25. За срамота си оти нема крај твојо срамотилак.
26. Наместо да се срамиш од својта срамота, ти ги срамотиш оние шо ти веруаат и ти се надеаат.
27. Страмота је слабио без противење да им се предаа на силните.
28. Срамо и срамотата ретко се заедно, а кога се за страшејње се.
29. Малу срам не је на одмет. Многу не чини. Не је ни здраво.
30. Срамо го подјадуа чоека однатре сè дур` не го изеј шо да не личи на чоек.
31. Си собрал на пато туѓ срам кој никако не можи да ти поможи.
32. Ако си изгубил каков било срам, ќе те стаса бесрамие за да те дотолчи.
33. Срам голем је за тебе да не знајш како сам со себеси.
34. Во очите ти се гледа срамо. До толку ти је голем.
35. Од мал срам чоек не бега, ами од голем.
36. Страво не треба да има никаква врска со срамо.
37. Страмота је соголен до гола кожа да му се прикажуаш на народо.
38. За грев и страмота је богатнико шо се обогатил на грбо на сиромајо.
39. На бесрамнико не му се бројат срамојте зато шо не престануа да ги прај.
40. Си ја гледаш бедотијата во огледало која си успеал да ја сокриеш зад убаа маска.
41. Срам је да не работиш, ама уште поголем је срам да му работиш за милостиња на богатник.
42. Нема срам од ниедна работа шо се работи чесно, лесно и задоволно.
43. Нешто ти фали чим не се срамиш оти ништо не работиш.
44. Мора да научиш како во живото се стануа по паѓање и се оди напред. За да не се најдуаш во срам од пајѓање.
45. Црн ти бил живото кога си собрал толкуа голема страмота.
46. Страмотата најпрвин го ништи срамо во чоеко и го валка.
47. Правио чоек се срами од свој срамој.
48. Од жив срам поарно да не се живеј.
49. Кој се валка бесрамно, прај сè и друзи да извалка.
50. Облекуаш валкани алишта оти те извалкало бесрамие.
51. Никој не сака да биди сам со својта срамота. Гледа шо побрго да посрамоти некој нему близок.
52. Се усрами пред личотија, а она му се смеј в лице.
53. За срамота си оти нема крај твојо срамотилак.
54. Наместо да се срамиш од својта срамота, ти ги срамотиш оние шо ти веруаат и ти се надеаат.
55. Страмота је слабио без противење да им се предаа на силните.
56. Срамо и срамотата ретко се заедно, а кога се за страшејње се.
57. Самотија- страмотија.
58. Страмотата седит во безработата.
59. Нема чоек шо нема срам. Можи само да не му дај да се покажи пред свето кога не сака.
60. Го јади срам оти је чоек.
61. Срамо не се губи и кога не се прикажуа.
62. Не ет страмота да прашаш за она што не го знајш.
63. Го победил срамо во себеси дотолку, шо је обземен од бесрамие.
64. Срамо и страво често се држат за раце.
65. Страмо се победуа со сè појќе знајње.
66. Ем не се страми ем не се страши.
67. Срамотилако кога-тогај излегуа на бела виделина.
68. Го изгубил срамо меѓу нелујѓе.
69. Жив срам му го јади срцето.
70. Срамота је да работиш божем.
71. Не је срамно да бидиш искрен пред љубов.
72. Не му је срам оти не работи ништо.
73. Не се страми да лажи кај ќе стигни.
74. Срамота је да им наштетуаш на лујѓе кои се за арно со тебе.
75. Падни-стани без срам.
76. Ако не ти је срам со лице извалкано, никоаш нема да го измиеш.
77. Дур` си жив срамо је со тебе. И продолжуа без тебе.
78. Изавалканио не је за меѓу чисти лујѓе. Па кога ќе се најди меѓу ними, прај сè шо знај и умеј да ги извалка.
79. Посрамотенио најпрвин сам се посрамотуа.
80. Срам-несрам, граби напред.
81. Мал срам од друзи, најголем од себеси.
82. На извалканио му је најубоо со извалкани.
83. Изалканио носи валкани алишта. Чисти носи чист.
84. Срамотата никоаш не је саде за посрамотенио. Се шири ко чума.
85. Срамотата се вовлекуа несетно во безобѕирен чоек за да го потчини на себеси.
86. Бесрамието ги собрало сите срамој на свето и веко.
87. Безрбетнио коленичи пред силнико, а достојнио не ни потклекнуа.
88. Црвенее пред убајна не од срам, ами од возбуда.
89. Од грев најголем срам.
13. ЗА ПОДНЕСУАЊЕТО-ТРПЕЊЕТО
1. Си живејме убоо оти ништо немаме меѓусебно за поднесуање.
2.Поднесуањето секоаш оди заедно со разбирачката.
3. Поднесуам оти така ми чини.
4. Нејќам да ме поднесуаш. Поарно еден од друг шо подалеку.
5. Цел живот сме заедно. Од раѓајње, па сигурно до умирачка. Сме се навикнале шо да не можиме еден без друг.
6. Чоек не поднесуа, ами сака чоек.
7. Сè ни је тамам. И убоо и неубоо. Зато ни је лесна разбирачката.
8. Сум поднесуал многу поразуања, а ниедно не ме поразило докрај. Можи баш зато.
9. Не трпам натрапливи лујѓе. И то им го кажуам в лице.
10. Пред да менуам, мерам и премеруам шо је за трпејње и за попосле, а шо не је и треба да го менуам најпрвин.
11. Ја сум каков шо сум и твое је дал` ме сакаш, та не можиш без мене али ме поднесуаш дека сум ти требен.
12. И за поднесуање треба смелост и решителност.
13. Трпиш со волја до некое време, а потоа дигаш раце.
14. А бе ја не те мразам, ами те поднесуам до не знам кога.
15. Секој со своето, секому негоото, сите крај сите.
16. На стари години раазбирачка сè помалце, трпението такуѓере, а и мудроста не ти је достатна.
17. Џабе поднесуаш ако не ти је за поарно и покорисно.
18. Од сакајње до замразуање-поднесуање.
19. Не поднесуам, значи не допуштам.
20. Трпиш дур` не свршиш работа и дур` не почниш нова. После је твое како.
21. Трпеливио знајш и заошто и до кога ќе можи да трпи. Ако, пак, не знај, тешко тебе.
22. Оној шо молчи и премолчуа, не значи оти поднесуа.
23. Има и такви шо трпат по навик.
24. Те поднесуам оти ми значиш и има заошто.
25. Во разбирачка сакајње, знајње, почитание на опитност, а најпојќе трпејње.
26. Сон не ти иди поради умора од поднесуање.
27. Ти го поднесуаш, а он уште да ти се качи на глаа.
28. Во љубов нема ни грдост ни грубост за поднесуање.
29. Со трпежо иди крпежо, а крпежо је од трпеж.
30. Спрема непријатело ич не чини да бидиш трпелив. Нему никоаш не му је доста од тебе и од твое.
31. Ако се лажиме меѓусебно, ќе се трпиме некако до разделуање.
32. Не је оти поднесуаш, ами оти остааш да видиш до кај ќе оди.
33. Чоек со чоек, скраја од нечоек. Лујѓе со лујѓе, не со нелујѓе.
34. Она шо нè разликува треба да је за соживеачка, а не за поднесуање до неподнесуање.
35. Во борба за слобода, а не за поднесуање ропство.
36. Поднесуањето и неподнесуањето немаат никаква врска со сакајњето. Секоаш се близу до мразејње.
37. Поднесуаш оти сакаш искрено, а не глумиш сакајње каква-годе живеачка.
38. Миро тражи поднесуање, немиро неподнесуање до крвно скаруање.
39. Различностите во соживеачка не се за поднесуање, ами за близост.
40. Поднесуањето не је лесно, но је добро кога је збор за шо било заедничко.
14. ЗА УКАТА И НАУКАТА
1. Уката не ти иди сама. Треба да ја најдиш и да ја научиш да биди твоја.
2. Поарчената пара за наука не је фрлена, ами прај богаство.
3. Умнио сиромав најбрго се богати со ука и наука.
4. Наука за доука. Не за одука.
5. Маката по наука се издржуа и она не треба никоаш да престануа.
6. Ученио го врти неукио на малио прст.
7. Науката секоаш оди понапред од чоеко. Зато не му је никоаш доста.
8. Без наука сегде мрачнина. Со неа во али кон виделина.
9. Жедта по наука је најголема во неук чоек.
10. Ко шо нема крај за ука, така нема крај ниедна наука.
11. Нема наука од која нема корист. Некоја је помала и је за голема, а секоја поголема је за до најголема.
12. Науката је лек шо излекуа од секоја болештина.
13. Учењето во старост је жива мака, а учењето во младост је ко играчка.
14. Уката се докажуа со ука без престан.
15. Прај како знајш, ако си наумил праеното да је праено за да трај.
16. Власт која не дава народни пари за ука и наука, не дава оти се плаши од ними.
17. Слепец води слепци кон нигде.
18. Со ука и наука до вистина.
19. Ученио учи неук најпрвин да гладуа по наук.
20. На полојната ученото му фали многу појќе од уште полојна.
21. Учитело се однесуа и живеј исто ко оние шо ги учи. Така они и брго и лесно научуаат.
22. Живејш колку шо знајш и учиш.
23. Умнио учи еднакво од својте и од туѓите грешки.
ПОДРЕЧЕНО-ИЗРЕЧEНО-ДОРЕЧЕНО
Мои тематски народски изреки
(изреки на „општонароден“ македонски дијалект)




