Мисла бисерна

Концептуална илустрација на ураган со мирно око и спирален ѕид од облаци над топол океан

ЛАЖЕЊЕ-ЛАЖЛИВЕЦ

Од сè уште ненапишаната Историја на човечката мисла

Рекле личности од минатото и денес умности за лажењето и лажливецот:

Лагата што е само лага може веднаш да се побие, но не е лесно да се побие ако во себе содржи и вистини.
Алфред Тенисон

Безопасната лага е подобра од навредливата вистина.
Роџер Ашам

Научете да лажете добро, за да можете успешно да тешите.
Андре Субиран

Не почнувајте да лажете, зашто можете засекогаш да го изгубите чувството на вистината.
Жозеф Мари Девондел

Во неискрените односи тешко е да се изрече вистина.
Бјорнстјерн Бјорнсон

Лажливецот треба да има добро паметење.
Марко Фабиј Квинтилијан

Не е интересно она што ви го кажува жената, интересно е она што го премолчува.
Александар Дима, синот

Што може студената и гола вистина против блескавите чари на лагата?
Анатол  Франс

Само жените и лекарите знаат колку лагата им е потребна на луѓето.
Анатол Франс

Лагата е толку плодна, што од една можат да се излежат илјадници.
Карло Голдони

Лагата е религија на робовите и господарите. Виситната е бог на слободниот човек.
Максим Горки

Понекогаш пристојноста бара лага.
Максим Горки

Лагата со ништо не се разликува од вистината, освен оти не е вистина.
Станислав Јержи Лец

Природата не трпи лаги.
Томас Карлајл

Има прилики кога е допуштено да се премолчи вистина, но таа никогаш не треба да се замени со лага. 
Свети Августин

Оној што на пролетта ѝ дава зеленило, рози на есента, црвенило на младите усни, непотребно лаже.
Огист Роден

Покажете ми лажливец и јас ќе ви покажам крадец.
Џорџ Херберт

Кога би ги знаеле стравотиите на лагата, би ја изгониле со оган побрзо од другите злосторства.
Оноре де Балзак

Постојат три вида лага: лага, проклета лага и статистичка лага.
Марк Твен

Ако некој вели: „Го сакам Бога“, а го мрази својот брат, лажлив е, зашто како некој може да не го сака својот брат кого го гледа, а да го сака Бога кого не го гледа!
Исус Христос

Лагата убива пријателство, а вистината љубов.
Мигел де Сервантес

Заразна е и разурнувачка моќта на лагата.
Иво Андриќ

Не ме потресе тоа што ме излажа, туку дека повеќе не ти верувам.
Фридрих Вилхелм Ниче

Лагата е услов на животот. Всушност, разликата е за која цел се лаже: дали да се одржува или да се разурнува.
Фридрих Вилхелм Ниче

Лажливецот е секогаш издашен во заклетвите.
Пјер Корнеј

Лажи, ама знај ја мерата.
Александер Грибоедов

Има околности во кои лагата е најсвета должност.
Ежен Марин Лабиш

Лагата е како грутка снег: колку подолго се тркала, толку е сè поголема, но кога ќе застане ќе се истопи.
Мартин Лутер

Ако само еднаш во својот живот кажеш лага, сите добри дела што си ги направил можеш да им ги фрлиш на кучињата.
Ману

Лажеме творечки, имагинативно, инвентивно.
Добрица Ќосиќ

Добар дел од убавото говорење содржи знаење на лажење.
Еразмо Ротердамски

Човечкиот дух е така создаден што лагата сто пати повеќе го освојува одошто вистината.
Еразмо Ротердамски

 Ако го навикнам слугата да лаже за мене, морам да претпоставам дека тој ќе изрече многу лаги за себе.
Семјуел Џонсон

Лагата и фразата се близначки.
Иван Тургењев

Ако на човек му ја ускратите неговата витална лага, ќе му ги одземете и часовите на среќа.
Хенрик Ибзен

Култура-Цивилизација

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.