Минатото

Препев на пев и повев

Минатото е неизбришливо. Може времето да покрие нешто од него, некоја трага, некој дел од него со својата минливост, но совреме, со време или по време избива на поврвнина, на виделина.

Минатото на еден народ е дел од сушноста на неговото постоење, во векови и низ векови на опстојување. Поважно од сè: негово вкоренување сосе денес и утре, непорекливо.

Кој посега по минатото на друг? Кој краде од нечие и го присвојува за себе, да стане дел од негово? Оној чие е сиромашно, со малку светли зраци и многу длабоки мрачнини. Оној чие е со многу повеќе смрти одошто со животи. А најмногу оној со скорешно вкоренување. Кој од друг, од други освоил, одзел родна земја и насилно ја населил.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 100

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.