Минато: еден од грчките масакри врз егејски Македонци

Потребно време за читање: < 1 минута

На 04.07.1905. година грчките банди извршиле масакр над македонското население во селото Загоричани-Костурско.

Еве што за тоа запишал, меѓу другото, во својот извештај австрискиот конзул во Битола во тоа време Оскар Прохаска:

Грчката чета го опколила селото во ноќта на 7-ми овој месец и навлегла во зората од повеќе страни истовремено…

Грците оделе од куќа до куќа, каде што можеле да влезат, ги убивале мажите, но исто така ги убивале и жените и децата на варварски начин. Повеќе згради во кои не можеле да влезат ги разурнувале со динамит или ги запалиле. Околу 20-мина мажи биле врзани, одведени во блискиот дол и таму убиени. Истовремено се пљачкало, се крадело и се земале пари. На овој начин беснеела четата околу 3 часа…

По нашето пристигнување, тргнавме од куќа до куќа и видовме само трупови и ранети. Вкупниот број на убиени изнесуваше 60-мина, од кои 53-ца мажи, 7 жени. Исто така имаше убиено и повеќе деца.

Некои од труповите што беа веќе во распаѓање, на грозен начин, со бомби и со истрели во близина, како со камења беа наполно деформирани. Во една куќа најдовме уништено едно цело 5-члено семејство; четата фрлила динамитни бомби и убила со бајонет едно дете од околу 5 години кое бегало од куќата. Еден од двајцата свештеници е убиен со повеќе убоди од нож. Секаде лежеше истепан добиток на кој, исто така, се гледаа пробиви од куршуми и удари од бајонети”.

Прохаска има поднесено и дополнителен Извештај за злосторството во с. Загоричани. Во него истакнува дека помеѓу четниците имало и 16 души „ејаси“, припадници на Кралството, и Критјани. Тие носеле со себе 4 канти газија (петролеј) за да го запалат селото. Водач на четата бил грчкиот поручник Георгиос Вардос Цонтос Критјанин.

 

Leave the first comment