Меѓу ѕвезди

Камено небо

Небосклон ѕвезден
игра игра со ѕвезден сјај
чекор напред чекор назад
чекор угоре чекор удолу
па на небо па на земја
чекор лево чекор десно.

А под него тивка
сонлива песна
пее река будна
ту брза ту бавна
напати во заборав на дете
кое штотуку проодело
напати од нејзино далечно
корито
издлабено во карпест предел
напати низ непроодни
и вековити шуми.

Меѓу ѕвезди
на небосклон каменен
непознато семе изртено
донесено од птица во лет.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 66

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.