Ништо не успева да врзе
години во години зад нив
да одат заедно било каде
додека одат без ничија
без никаква поткрепа.
Кога некој би го прашал
дали воопшто помислува
дека тие веќе заедно
никаде не можат
ниту можеле некогаш
да совладуваат пречки
за рани од битки против
робување на минливост
на живот секогаш малку.
Добро е што никому
уште не му паѓа на ум
да го праша
па може слободно барем
во ниедно време
и во ниедни години
спокој собиран откога
има срце кое слуша
негови празни зборови.
КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 61