Познавам лица кои одамна
не ги познавам како лица
како да се лица по лица
лица зад лица и лица со лица
далечни што бледнеат.
Едно мое лице во дамнина
им оставив на лицата
кои одамна не ги познавам
за да не ме замислуваат
со лице што никогаш
не личело на мене.
Не знам ни сам како успеав
да заборавам дека некогаш
било мое и јас сосе него
исто како во него без него
а не знам ни како лицата
кои одамна не ги познавам
како лица
се толку далечни
што бледнеат некако бавно
некако пребрзо
некако загадочно
и некако без никаква смисла.
Сега веќе не разбирам
како лица непознати
не можат да ме замислат
ниту да ме препознаваат
со лице кое никогаш
не личело на мене
а е мое безвремено
во многу години.
КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 69