Како да си купите остров? Ништо полесно ако сте осд богат пребогат и член на светскиот џет-сет.
Купувањето остров далеку од „очите на цивилизацијата“ е најнов тренд помеѓу богаташите и се смета за врв на статусот кај купувањето недвижнини.
Малку или доволно познато: приватното поседување острови постои ширум светот, а има на десетици напуштени со потенцијал за комерцијален развој-за туристички или приватни цели.
Многу познати личности поседуваат свои острови. Николас Кејџ го купил островот Leaf Cay, со бујна вегетација, песочни плажо и кристално чиста вода, за три милион и долари. Еди Марфи е сопственик на островот Rooster Cay, што го купил за 15 милиони долари. Мел Гибсон има остров на Фиџи. Тоа е островот Mago, едно од најголемите приватни острови на светот, купен за 15 милиони долари. Сиопственици на острови се и Џони Деп, Леонардо Ди Каприо, Селин Дион, Дејвид Коперфилд, Михаел Шумахер, Рики Мартин, Стивен Спилберг, Дијана Рос, Шакира и многу други.
Пред неколку години е продаде единствен, најголем и најскап остров на светот. Се вика Ронд остров, има големина од над 100 хектари и се наоѓа кај Карибите. Бешер проценет на сума од 100.000 милиони долари. Не е познато за колку е купен. Агенцијата за недвижнини, која го претстави овој остров на светскиот пазар, ја потенцираше неговата изолираност и недопреност од цивилизацијата. Океанот што го опкружува е богат со корални кањони, а во близина има подводни пештери мошне педизвикувачки за оние што се занимаваат со нуркање. Се смета дека има и огромен развоен потенцијал-можно е да се заработат над милијарда долари по вложувања во изградба на приватни вили кои би се продавале.
Познато е дека од 2013. година до денес во Грција се продадоа и се продаваат околу стотина острови. Помеѓу најскапите не само во оваа земја, туку и во Европа е Омфора. Станува збор за 1.112 хектари на приватно населен грчки остров во Јонското море, чии сопственици бараа(т) 50 милиони евра. Причина за продажбата ист како и кај многумина грчки милионери-поради кризата тие се нашле пред банкрот.
Цените се драматично паднати во последниве неколку години, но една од најголемите пречки за поголема продажба се процедурите за добивање различни дозволи, кои понекогаш траат со години.
Катарскиот емир Хамад бин Калиф Ал-Тани потрошил помалку од 9 милиони евра за 6 острови во архипелаг во близина на островот Итака. Изјавил дека има намера да купи остров за секое од своите 24 деца, но дури ни тој не можел да добие градежна дозвола преку ноќ, туку морал да чека повеќе од една година.
Внуката на Аристотел Оназис го продаде островот Скорпионс што се наоѓа во Јонското море, а за „тежината“ на трансакцијата се нагаѓа дека вредела околу 76 милиони евра. Го купил рускиот претприемач Дмитриј Риболовлев наводно како подарок за својата ќерка.
Стручњаците за недвижнини истакнуваат дека купувањето острови е ретка можност што се нуди по неколку децении, со оглед дека овој вид семејна сопственост вообичаено се пренесува од колено на колено. Бројни агенции и агенти за недвижнини, кои работат на глобално ниво, се мошне активни во Грција, во потрага по луксузен имот што е на продажба. А можности има многу зашто Грција има повеќе од 15.000 километри брег, над 190.000 плажи и околу 6.000 острови и островчиња.
Брокерот за луксузни недвижнини Кристофер Босвел, кој како директор на агенцијата „Vincitore“ продал имот вреден повеќе од 300 милиони долари ширум светот, истакнува дека пазарот на недвижнини полека се консолидира. Има знаци на опоравување на пазарите во Дубаи, Абу Даби и Саудиска Арабија, се случува голем бум на кинескиот пазар, а секако и Грција скоро ќе го следи тој пример.
Да се има остров е знак на престиж меѓу светската елита. Тоа е сега статусен симбол и означува дека сте го достигнале врвот на својот успех.