Потребно време за читање: < 1 минута

48. Блудничење

Ноќва е ден црвен, жолт и жежок
во голи тела што се растураат
на секакви делови во безвременска
бездна.

Надвор ветер корне дрвја на кои
им ги испокршил крошните,
им ги развеал лисјата,
а покриви на куќи летаат сосе птици
кон пусти предели;
голи темели, соголени бедеми.

Во ниедно време улиците на градот
се преполни со бесцелни, гладни
и парталави гласови
кои не се слушаат меѓусебно,
кои едни на други им навестуваат
совреме неразбрано умирање;
помеѓу нив испокршени автгомобили
плачат, лелекаат, врескаат од болки.

Еден бел момчак и зелена дама
во години
стојат како неплодни споменици
од дрво
пред излог со живи кукли
без лица и очи.

Зелената дама
косата ја растурила на сите страни,
големите боски ѝ виснале
до тенката половина,
навлекла разнобојни искинати чорапи
и обула црни чевли со високи штикли.

Белиот момчак, пак, заборавил
да се избричи или да ја собере брадата
во јазол,
па очевидно не може, може не сака
ни да ја бакне,
камо ли да ја милува,
камо ли да ја распалува;
угул гол стои изгубен од видот
на минувачите кои итаат
кон свои љубови и спокојства.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

Од соседниот бордел
ечи страсна смеа, соблазниви воздиви,
родољубиви и меланхолични песни.

Пред неговата врата стои
грамаден човек, безизразен,
беспризорен чувар на поредокот
на ноќта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here