46. Еден дожд
И јас уште од дете знам
дека има секакви
пролетни, летни
и есенски дождови.
Овој што почна
ова рано есенско утро
ненадејно поројно
да се истура во нас,
знам уште од дете
дека нема да престане
скоро,
а може да истура
со денови и ноќи;
сигурно додека
конечно се разделуваме
за конечно
да заборавиме колку
сме биле облачни.
Па ќе мораме заедно
да си ги засолниме
срцата
во нашите сенки
под стреата
на разурнатиот дом
зад нас.