Кризата на бракот и неговите предности

Потребно време за читање: 4 минути

Кризата на бракот во светот и кај нас во нашиве модерни времиња е сѐ поевидентна, постојано се зголемува и се чини дека опасноста од негово целосно пропаѓање е сѐ пореална. Големо прашање е дали некакво порадикално реформирање, на пример негова неформалност (тн. слободни бракови), може да значи спас. Особено ако се има предвид поинаквото, „модерното“ сфаќање на сексуалната вонбрачна слобода од една, и отпорот спрема семејните обврски во името на брачната рамноправност.

Единствениот спас на институцијата брак е негова „детална формализација“ токму во однос на брачните и семејните обврски, односно „обезбедување“ со детален брачен договор во кој ќе бидат нотирани сите права и обврски на брачните партнери (не „другари“), пред сѐ имајќи ги предвид одделните и заедничките интереси, и со предвидени последици од непридржување на неговите „одредби“. Притоа имајќи ги предвид предностите и тежината на брачниот однос.

Токму на предностите укажуваат некои учени, а кои на многумина веднаш не им паѓаат на ум:

Подготвеност остатокот од животот да го поминете со некого.

-Влегувањето во брак би требало да претставува, освен формален чин, и чин на наша психичка и емотивна зрелост. Ако е тоа навистина нешто што сте го сакале и не сте биле принудени на таа одлука, тогаш одлуката целиот свој живот да го поминете со саканото лице може да претставува сосема ново и позитивно поглавје во вашиот живот.

Покрај вас не е само брачен партнер, туку и пријател

-За разлика од обичната врска, влегувањето во брак бара многу повеќе доверба и сигурност, како во себе, исто така и во партнерот. Се рабзира, во секој брак ќе има тајни, но е битно тоа што е покрај вас и пријател со кого за сѐ можете да продискутирате и со кого можете да решите секој проблем со кој ќе се соочите.

Повеќе никогаш не ќе морате да одите на прв состанок со странци

-Иако првите состаноци со непознати лица со себе носат и доза на возбуда и исчекување, повеќе од нив не завршуваат, или дури и не почнуваат онако како што сте замислувале. Бракот со себе носи сознание дека вашата потрага е завршена и оти секој ваш нареден состанок ќе биде со лице кое го сакате и оти изненадувањата на нив ќе бидат само пријатни.

Ако имате деца, тоа значи дека сте двајцата тука за нив

-Децата со себе носат бројни обврски, но и задоволства. Како влегувањето во брак, нивното одгледување бара целосна посветеност и љубов, а крајниот резултат и вам ќе ви донесе чувство на исполнетост и задоволство.

Секогаш имате некој што ќе ве сослуша

-Животот со себе носи бројни проблеми и дилеми со кои не сте сигурни како да се носите. Во бракот секогаш имате партнер кој е тука до вас и кој ќе ве сослуша и ќе ви даде целосна поддршка-и во добро и во зло.

Она чувство што ве обзема секое утро

-Секое утро во бракот со вистинското лице може да претставува вистинско мало уживање. Сонцето кое полека се пробива низ завесите, жешкиот кроасан, свежо исцеденото овошје и, се разбира, погледот во очите на саканото лице и чекањето и тоа да се разбуди.

Секс

-Сексот е секогаш добра причина за влегување во брак. Покрај себе секогаш ќе имате партнер кој ве сака и кој во вас гледа единствено лице со кого сака да има интимни односи, а со време тие ќе станат сѐ подобри и подобри доколку сте подготвени да експериментирате и да си кажувате еден на друг што ве возбудува в кревет.

Љубов

-Љубовта е секако причина број еден поради која треба да се стапи во брак. Да се има некој покрај себе за кого знаете дека безусловно ве сака, и во добро и во зло, и да се има целосна доверба во партнерот претставува најважна работа што бракот ја носи со себе.

А луѓето во брак, судејќи според една студија спроведена во над 38 земји, имаат и многу повеќе секс.

Бракот значи повеќе пари

-Оженетите мажи исто така заработуваат во просек, судејќи според истражување спроведено на Универзитетот во Вирџинија, и до 22% повеќе во споредба со колегите кои имаат подеднакво искуство, но живеат сами, а исто така и побрзо напредуваат во работата.

Со венчавка до подолг и побезбеден живот

-Бракот исто така може да ви спаси и живот, судејќи според извештај на Министерството за правда на САД, во кое стои дека неоженетите мажи се во четири пати поголема опасност над нив да биде сторено некое злосторство.

Освен спасувањето на вашиот живот, бракот исто така ќе направи и да живеете подолго. Научниците од UCLA универзитетот откриле дека лицата со совршено здравје имаат 88% повеќе шанси да умрат во период од 8 години, отколку што е тоа случај со оженетите мажи.

Некои најнови сознанија:

Доколку партнерите се разбираат доволно и се доволно блиски, кај нив може да се јави „шесто сетило“.

-Само што сте мислеле да изговорите нешто, кога тоа вашиот партнер го изговара со исти зборови наместо вас. Развил посебни способности и може да ви ги чита мислите? Па, и да и не.

Научниците тврдат дека некои парови се навистина толку блиски што нивните мозоци почнуваат да функционираат синхронизирано.

Кај доброволци, парови кои се доволно блиски, научниците откриле еднакви примери во активностите на мозокот. Тоа значи дека тие достигнале ниво на кое нивниот нервен систем работи речиси синхронизирано, па тие полесно и подобро ги разбираат партнеровите мисли и емоции.

До овие запрепастувачки откритија дошле со анализа на мозочната активност во текот на терапии со советници. Имено, во одредени моменти мозоците на партнерите почнале едноставно да работат синхронизирано, во некоја променета состојба. Тогаш партнерите почнуваат да комуницираат со „шесто сетило“.

Како да се спаси бракот? Научно сознание: партнери кои се еден на друг најдобри пријатели се идеален избор.

-Научниците од Универзитетот во Тексас 14 години следеле 170 парови за да добијат одговори на прашања за бракот и разводите. Утврдиле дека паровите чие додворување пред бракот траело најкратко имале најголеми изгледи за развод, а лицата кои подолго уживале во врска на тој начин ја заштитиле својата врска од пропаст.

Водителот на истражувањето, професорот Тед Хјустон вели:

„Врските кои се развиваат полека остваруваат најдолготрајни односи, а партнерите кои се еден на друг најдобри пријатели се идеален избор“.

Истражувачите откриле и еден домино- ефект: разводот како заразна болест може да се шири помеѓу пријатели. Тоа го објаснуваат со фактот дека развод на пријатели поттикнува парови во исто друштво на (пре)испитување на својата врска.

-Разводот може да биде заразен, може да се прошири како болест во семејството, во деловното опкружување, но и помеѓу пријатели.

Научниците сметаат дека тоа значи оти, доколку ваш пријател или колега од работа се разведе, можноста и вие да се разведете се зголемува дури за 75%. Овие откритија доаѓаат од студија спроведена врз повеќе од 12.000 Американци во периодот од 1948. до денес.

„Намерата некои лица да се разведат не зависи само од тоа дали пријателот е разведен, туку и од тоа дали пријателот на пријателот е разведен. Учесниците во тоа имаат 75% повеќе шанси да се разведат. Учинокот на разводот на пријателовиот пријател, пак, влијае дури 33% врз сопствениот развод“, објаснува Д-р Роус МекДемот, од Универзитетот Браун на Роуд Исланд.

Но и разводите во семејството ги зголемуваат можностите за нов развод. Исто така, познавањето на многу разведени луѓе може да биде лошо за бракот зашто, колку повеќе разведени познавате, толку е порискантен и вашиот брак.

Leave the first comment