Од далеку крици идат
онемени
криејќи дали се од луѓе
уморни од животи
на голи или мртви
скитачи
можеби на живи
ослепени воини.
Меѓу нив препознавам
еден на дете неродено
за нечие идно време
силен продорен болен
што го толкувам
како последен на сон
бесмислен.
Силен е и продорен
и болен
како никој од сите
што ми иделе досега
онемени од далеку
најсличен на бран
пенлив до небо
откорнат
од неизмерна длабина
на љубов.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 7