Плови кораб
на небо чисто,
на небо јасно,
синевина;
далечно, бурно,
брановидно.
Има ли жива душа
на палубата,
под неа?
Кормилар?
Личи на бел облак
кој ту се ближи,
ту е закотвен
во морска шир
ту под неа.
Одвреме-навреме
коработ е голем,
па мал,
па не е кораб,
туку бел облак
на чисто небо.
Човек да помисли
дека ќе доплови
до брег
на земја некоја,
земја согорена,
земја пеплосана,
земја безимена.
ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 3