1. Ти идам пак и пак
Не знам по којзнае
кој пат
а знам дека многупати
идам кај тебе зарадосен
оти одамна ме чекаш
да ме видиш пак
првпат како последен.
Ни сега не прашувај
од каде идам кај тебе
ни од кога ни до кога
шепотлив придушен
ветру невремен
непеан неиспеан
и недопеан.
Одамна ништо
не ми значи мене
ни тебе ти значи нешто
тоа што првпат овојпат
при ова идење во тебе
не пренесов ништо
од пред ова идење пак
и пак.
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.