Како навреме да откриете дека некој лаже?

Потребно време за читање: 3 минути

Психолозите одамна детално го проучиле однесувањето на оној што лаже, а ако ги знаете нивните сознанија (препораки) ќе немате никакви проблеми- тешко дека ќе ве излаже.

Според нив, не е мал бројот на движења и/ или сигнали на телото кои укажуваат на тоа дека некој лаже, односно (еуфемистички) не ја говори вистината.

Лажливецот обично ги крие дланките. Додека кажува некоја лага, тој не седи исправено, избегнува контакт со очите и се користи со негативни гестови (допирање на носот или ушите) ако се чувствува лошо поради лажењето.

Движењето на очите е мошне впечатливо за време на кој било разговор. На оние на кои им поставувате прашање очите постојано им се движат во друга насока. Истражувањата покажале дека постои врска помеѓу нив со она за што во тој момент прашаниот размислува. Постојат 6 различни правци во кои лицето може да гледа- горе десно, горе лево, средно десно, средно лево, долу десно и долу лево. На пример, ако лицето гледа горе лево, тоа значи дека во тој момент контруира слика во мозокот, додека гледањето горе десно значи дека се присетува на нешто.

Така, ако лицето со кое разговарате гледа горе лево додека нешто ви зборува, веројатно во тој момент конструира приказна што има намера да ја раскаже, што може да значи дека ве лаже.

Една од најлесно воочливите „појави“ кај лажливецот е нервозата. Секое лице што лаже чувствува нервоза, иако таа може да биде повеќе или помалку изразена, во зависност од неговото „професионално искуство“.

Ако сакате да знаете дали некој ве лаже, посебно обрнете внимание на неговата состојба и обидете се што повеќе да инсистирате на разговор за сомнителна тема,за што повеќе да го изнервирате. Некои од знаците на нервоза се грицкање на нокти, немир, потење, триење на дланките од нозете, тропкање со нозете и играње со предмети што се носат в џеб.

Други однесувања/ знаци:

  1. Раката преку уста
    Раката преку усните покажува дека лицето се труди да не прозбори. Тоа може да биде и нежно, брзо движење со прстите преку усните.
  2. Ограничени движења
    Кај некои луѓе се забележуваат ограничени движења со рацете. Тие престануваат да гестикулираат со нив кога не се сигурни во она што го зборуваат. Тогаш природните движења со рацете речиси сосема запираат, зашто мораат да се концентрираат на она што го зборуваат за да остават впечаток дека се сосема сигурни во себе. Во нормален разговор дури и рацете во џебовите се движат. Таквото движење оддава и нервоза.
  3. Лизнување на усните
    Ако некој почне нервозно да си ги лизнува усните, тоа може да значи дека не е сосема сигурен во своите зборови.
  4. Нервозно кашлање
    Нерзовното кашлање може да значи токму тоа- нервозно кашлање. Меѓутоа, ако некој почне да кашла истовремено кога и ја објаснува својата состојба, а тоа е проследено со други, на тоа лице непримерени движења, треба да се има на ум дека веројатно лаже.
  5. Црвенеење
    Црвенеењето е сигурен знак на предупредување дека лицето не се чувстува проијатно во тоа друштво. Можеби причина за тоа е она за што се зборува или едноставно присуството на некој со кого не и е пријатно или пред кого се чувствува немоќно, па не може да ги изрази вистинските чувства. Но црвенеењето може да укажува и на тоа дека лицето се чувствува непријатно поради сопствените зборови.
  6. Неправилно дишење
    Неправилното дишење е сигурн знак на неудобност. Но само со активно посматрање е можно да се препознаат промените во дишењето на друго лице.
  7. Тропкање со нозете
    Тоа е знак на предупредување кој често го испраќаат напнати луѓе. Не предупредува да го забрзаме разговорот, но може да укажува и на тоа дека лицето лаже.
  8. Бавно врткање
    Луѓето често, додека лажат, целосно владеат со своето тело. Рацете се движат мошне благо, лицето е речиси без мимика, гласот јасен и гласен. Па сепак, и покрај сите тие знаци кои укажуваат на сигурност и власт над самиот себе, забележуваме бавно врткање. Се вртка трудејќи се да го надвладее тоа движење.
  9. Избегнување на поглед
    Избегнувањето на поглед е мошне често кога на лицето не и е пријатна темата за која се разговара или најрадо би ја прескокнало или нешто би затаило. Тоа движење треба да знаеме да го препознаеме и да имаме подготвени прашања со кои ќе ја откриеме вистината.
  10. Затворени очи
    Сигурно сте виделе луѓе кои зборуваат со затворени очи. Со тоа движење ни покажуваат дека не сакаат да бидат во ситуацијата во која се нашле. Сакаат да бидат некаде на друго место. Се исклучуваат пред непријатна глетка.
  11. Стишување на гласот
    Кога луѓето лажат, може да дојде до стишување на гласот. На пример, разговорот обично го поткрепуваат гласот и движењето, а потоа наеднаш тие замираат. Гласот поприма снижен тон. Тоа укажува на лага. Поради тоа во секој момент е нужно да се слуша активно.

Leave the first comment