Јазик-Говор

Тивки клокоти

Јазикот и говорот се меѓузависни: исто е како да немаш јазик ако не говориш, ако молчиш, и кога молкот говори, a немоста ти го надвладеала говорот; исто е како да имаш јазик за сè друго, само не за говорење и ако имаш јазик за или против нечие говорење; исто е да имаш јазик и да говориш и да говориш со никому знаен јазик.

Јазикот е суштина на човечкото идентитетско постоење. Без него тој е без свој најдлабок, најсилен и најцврст корен. Јазикот е негово препознавање.

Говорот воопшто, имајќи го предвид и правоговорот, не е празен, а најмалку, пак, бесмислен. Дури и кога човек говори сам со себе. Попрво од сè е сопственото говорење пред друг и пред други, но и умеењето да се слуша сечие пријателско говорење. И кога се инсистира само на слушање, не на пример со од-говорење. Се разбира, непријателското говорење само по себе не е за слушање; се одбива, не се поднесува.

Прочитај и за ... >>  Он порачува

Јазикот и говорот најпрвин се во одбрана на слободата, слободоумноста, воопшто на човечката и на цивилизациската опстојба.  

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 117

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.