Јапи диета

Потребно време за читање: 2 минути

Како да водите активен, урбан живот, а притоа да ги избегнете замките на брзата и масна храна ? Можно е работниот ден да ви остава само еден слободен час за ручек, а за тоа време е невозможно да се отиде до дома. Здодевно е и напорно секој ден да носите со себе нешто за јадење, а освен тоа и денот се оддолжува. Затоа е најлесно да се порача дневно мени во најблискиот ресторан, што речиси секогаш значи и килограми вишок.

За го спречите дебелеењето, ви нудиме совети за моментите кога треба да одлучите што ќе јадете:

  • препорака на нутриционистите е на оброкот да му посветиме најмалку 40 минути;
  • одредете одреден час за јадење и настојувајте секогаш да го почитувате;
  • нарачајте цел оброк, вклучувајќи го и десертот;
  • јадете бавно и добро џвакајте, оти со тоа се олеснува варењето;
  • распрашајте се за начинот на подготовка на јадењето;
  • замолете издвоено да ви ги послужат сосовите и зачините, за да можете да го контролирате количеството што го внесувате;
  • избегнувајте маснотии, како што се путер и мајонез, оти со тоа можете да заштедите до 10 грама масти!;
  • испијте две чаши вода пред секој оброк, оти водата на природен начин ја зауздува гладта.

Диета надвор од дома

Ако е пред вас мошне забрзан ден, еве пример на сосема урамнотежена листа на јадења, здрава и разновидна, што ќе ви помогне да го симнете вишокот на килограми, иако поради времето за пауза можете да изедете само залак.

Појадок: обрано млеко, две кришки интегрален тост и парче овошје.
Ужина: кафе со обрано млеко или посен јогурт.
Ручек: сендвич со немасна шунка и зелена салата, или со печено месо и зелена салата, или омлет од зеленчук или шунка, или од сирење и нарендан морков, со салата од кравјо сирење, домати и оригано.
Попладне: кафе или чај со обрано млеко.
Вечера: риба со салата, или пилешко на скара со зеленчук, или салата од тестенини или ориз со зеленчук, или мешана салата со тврдо варено јајце. За десерт свежо овошје.

Идеална листа на јадења

Предјадење

Мора да има малку масти. Добар избор се школките или варен октопод, исечкан зеленчук со зачинет со оцет и лимон или малку сирење (што помладо, тоа подобро).

Избегнувајте: преработки како што се солен кекс, пржени кикиритки и слично, како и пршута, сирење и маслинки. Не користете сосови и по можност избирајте едноставни јадења. Добар избор се салатите кои содржат витамини и минерални соли, а не се калорични ако сте штедливи со зачините. Најдобар избор се сок од лимон, оцет и зејтин, но имајте на ум дека секоја лажичка зејтин дава 90м калории. Втора мкжност се студените супи (гаспачо) или студените чорби (од домати) или зиме топли (чорба од зеленчук или говедска супа).

Главно јадење

Избирајте помалку масно месо (пилешко, мисиркино, зајачко, телешко…) и бела риба, и тоа подготвено на скара или во рерна. Ако вио е подрага сина риба, можете да ја јадете 3 до 4 пати неделно. Двапати недело смеете да јадете пица или мусака од компир. Како прилог: зеленчук (150 грама), салати или пире од компир.

Избегнувајте: јагнешко и пржени јадења како што се крокети.

Десерт

Секогаш се препорачува овошје, посебно сезонско. Можете да изберете и овошни сокови, јогурт без шеќер или 100 грама кравјо сирење.

Избегнувајте: грозје, смокви и банани.

Леб

Може да биде бел или интегрален, но не смеете да надминете 50 грама.

Пијалок

Иако миинералната вода е идеален пијалок, можете да му одолеет на каприцот и да испиете чаша вино, по можност помешано со минерална вода, некој нискокалоричен освежителен пијалок или да се одлучите за безалкохолно пиво.

Избегнувајте: овошни ликери и жестоки пијалоци.

(Преземено и преведено од: www.kurir-info.co.yu)

Leave the first comment