4. Безвредности
Во круг со човек
Сочинуван мигновено
Безгрижно
Од безвредности
Само време што ништи
Живот на коски соголени
До нивната срцевина
Време минливо
Сосе неминливо.
Ниту кругот однадвор
Некој да се обиде
Да го пробие
Ниту кругот однатре
Човекот да пресече
Со што било од себеси
За да опстане
Во свој внатрешен свет.
Безвредности кои се
Отсекогаш што биле
И отсекогаш што се
Дребнави сматни
Безлични.
Кругот со човек сочинет
За него кога во бестрага
Уште од раѓање на први
Зборови
Ќе нема повод или причина
Да постои како именуван
Творец
Само на сонце горешто
Не е противен на игра
Духовна бестелесна
Како воздив леснокрилен.