Потребно време за читање: < 1 минута

3. Гердани со љубов

Во твојата зрела пустина
ќе пропаднат сите војски
силни пред некое време.

Во твојата висока шума
ќе снеможат сите големини
оставени пред векови.

Ти или никој друг,
велеа очните дупки
фрлени в јама
испеана и оставена
над нас.

Ти или никој друг
велеа плодните градини
со дебели сенки на градите.

Да те имам ноќва
заедно со зборови
во поствеста на молкот,
заедно со мртви војници
наредени според редот
на умирање.

Да те имам ноќва
и да те опејувам
во игра на страсни тела
како надојдена река,
сѐ додека не пропадне
подот на собата
и ние со него
во мојата куќа
под отворено небо;
сѐ додека се врти
твојата глава
на една, та на друга
страна
во мојот огнен свет,
како ветрот
во пердувот на птицата
што еднаш палави
ја фрливме високо
над нас.

Знаеш ли,
чудна убавице дојдена
од некоја ливада
во пролет, на изгрејсонце,
знаеш ли дека
ако ја стегнам
твојата рака за збогум
ќе пропаднат сите
ѕидишта во дворот
на мојата земја,
гола,
со твојата убава глава
измиена од калта
во која лежеше
ниедно време
по мојот прв куршум
в срце,
утринска
како корен сосе роса,
постојана
како далечно око
на хоризонтот?

Прочитај и за ... >>  ИЗВОРИ ВО СТЕНИ (НЕКОГАШ ИГРА II), стихозбирка

Знаеш ли,
чудна убавице дојдена
од некоја ливада
во пролет, на изгрејсонце
за игра со мене
во воздух како птици?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here