ИЗВОРИ ВО СТЕНИ (НЕКОГАШ ИГРА II), стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

1. Повторен град

Никој нема да застане
ако ја откриеш коската
на твојот последен прст.

Ќе ти се налутат само
затоа што им го разбуди
утрото.
Ќе ти се налутат така,
па ќе мораш да ставиш
студен нож на мевот.

Болки нема
сѐ дури е вака пријатно
на крајот од ноќта
гледана со љубопитство.

Никој нема да стави очила
ако ја откриеш реката
на твојот последен заб.

Ќе ти се налутат само
затоа што им ја изгази
тревата.
Ќе ти се налутат така,
па пак ќе мораш да ставиш
суво крпче на градите.

Оган нема
сѐ дури е вака пријатно
на крајот од градот
гледан со љубопитство.

 

Leave the first comment