Измама и кражба

Потребно време за читање: < 1 минута

Од катадневни измами и кражби човек нема дерман. Посебно се урнисува неговото чесно достојание. Отсекогаш имало и мали и големи измами и кражби, ги има и секако ќе ги има. Денес се олку многу, што да не можат да се дооткријат, а камо ли да се добројат.

 Денес измами и кражби има најмногу кај што е на власт мафија. А се знае: кај што е таа на власт и државата и сè во неа е нивно. Се разбира, рака под рака со нив оди лагата, ама и корупцијата и поткупот; дури и привилегиите и непотизмот.

Не можеш сосем, ама мораш да се трудиш што помалу да те измамуваат и наголемо да те крадат. Што помалу зашто не може ни најмалу. Ни оние над тебе, ни оние што се со тебе, крај тебе, пред тебе, по тебе, ни оние подолу од тебе.

Со измами и кражби живееш, всушност преживуваш денес, можеби до утре. Во страв, без мирен помин и без спокоен сон.  

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни записи, 116