36. Едни и други
Сè помалку ми идат,
сè повеќе ми одат.
37. Уште колку
Уште малку или многу
за најпосле николку.
38. Просто речено
Љубел многу, го љубеле малку,
но никако да се сетат дека бил.
39. Несомнен сомнеж
Можеби вака, можеби онака,
можеби некако негде секогаш.
40. Метафорички
Сува река се бранува и се пени
во предел со живот запустен.