ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

96. Соседи

Се познаваат соседи
кои отсекогаш биле.

 

97. Земји

Различни земји
сè понеплодни.

 

98. Гола

Излегла гола да поигра
со гол, гологлав и бос.

 

99. Сомневање

Што сокри денес дали
некој утре ќе го открие?

 

100. Бесцелно

Сноват луѓе бесцелно
низ своја сегашнина.

Leave the first comment