ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

226. Нечиј крај

Догледувам нечиј крај
на нечиј нов почеток.

 

227. Меѓу голи ѕидови

Одвај еден миг издржа
сам меѓу голи ѕидови.

 

228. Скаменет молк

Меѓу скаменети како жив
еден познат молк жизнен.

 

229. Почит

Моја неизмерна почит
кон трага негова за други.

 

230. Насилност

Трае предолго насилноста
на туѓини со мрачно минато.

Leave the first comment