346. Обично
Е што ќе биде,
а одамна не било.
347. Паметам
Бевме едно за друго некогаш,
но никогаш не сме бездруго.
348. Изминат пат
Предолг пат минавме
за да стасаме некаде.
349. Болен
Болен е откога не е
каков што беше.
350. Прва победа
Извојувавме прва победа
над тишина неснослива.