436. Соседи
Двајца старци соседни
од дамнина како браќа.
437. Вљубени
Меѓу нив сал нежности,
возбуди, страсти и добрини.
438. Обѕидан
Обѕидан живее
во самост и молк.
439. Скрвавен
Со скрвавен меч
излегол на чистина.
440. Мој небосклон
Небосклон кој никогаш
со никој не го споделувам.