Потребно време за читање: < 1 минута

446. Моето небо

Моето небо е за мои
игри и слободен лет.

 

447. Војна

Никако да престане војната
меѓу бавни животи и брзи смрти.

 

448. Едно знам

Нема извесно раѓање
во неизвесна сегашност.

 

449. Ако ми се случи

Мојот последен збор за тебе
ако ми се случи ненадеен молк.

 

450. Обајцата виновни

Обајцата сме виновни оти сме
без рожба што ќе нè надживее.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here