ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

456. Сè потивко

Зошто сè потивко бие
камбана во пустелијава?

 

457. Ни жива ни мртва љубов

Одамна ни жива ни мртва
е љубов меѓу тело и душа.

 

458. Бара

Бара некој што
отишол во неврат­.

 

459. Не ќе е на арно

Не ќе е на арно дека во мене
сешто без престан се случува.

 

460. Река на умирање

Рекава како веќе да нема сили
да се излева, та скоро ќе пресуши.

Leave the first comment