ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

481. Одново
Ново одново почнува
длабоко да ме замислува.

 

482. Сомнение на крстопат

А што ако сите патишта
завршуваат во беспатје?

 

483. Разминување

Се разминав со непознат
што зборуваше со себе.

 

484. Можам јас

Докажав дека можам јас
до кога било во длабок молк.

 

485. Се прашувам

Жива ли е мојата таена љубов
по болештина до пред смрт?

Leave the first comment