196. Жаловен збор
Секој збор жаловен
нечуен и во молк.
197. Не мислам
Мислам дека баш сега можам
барем мигум да не мислам на нас.
198. Созревање
И сонце и дождови во ден
што трае доволно долго.
199. Провалија
Помеѓу умор и сон
нȇмост непремостлива.
200. Некогашна љубов
Дека не бевме заедно,
не се ни препознавме.