181. Љубови
Никој не знае колку љубови
се сокриле меѓу спомени.
182. Собитие
Конечно се догледавме јас и ти
на меѓник од дамнина жив во нас.
183. Се радувам
Еве ја на виделина
твојата красота!
184. Претчувство
Незнајна болка тлее в гради
пред тргање на последен пат.
185. Ништо по сè
Баш ништо по мене од мене
ветар што иде нема да развее.