ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

171. Стојам

На распаќе преуморен
ништо не догледуваш.

 

172. Непријател

Не знам јас, не знаеш ни ти
зошто ми стана непријател.

 

173. Знам

Многу не знам за вас,
ама за себе си знам.

 

174. Доста

Доста е што нема
да ме заборавиш.

 

175. Нажален

Смрт без збогум
и проштавање.

Leave the first comment