ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

156. Обѕидан со молк

Заборавил на ден и ноќ
откога е обѕидан со молк.

 

157. Добро

И најмало добро
по лошо му иде.

 

158. Лице во огледало

Чие е лицево во огледалово
што го гледам искривено?

 

159. Одамна сеедно

Одамна ми е сеедно кога
и што се случува без мене.

 

160. И пак

И пак ист спомен
и пак ист заборав.

Leave the first comment