151. Скалила до врв
Имам скалила до врв на младо дрво
што ќе му го пресечам дури е младо.
152. Праг
Веќе никој не стапнува на прагот
на мојот живот во многу години.
153. Силен
Силен е кога е слаб
на крај на болештина.
154. Замислен
Долго стојам замислен
пред велик човек мраморен.
155. Низ облак
Минав низ облак
од јадови и огнови.