Искреност

Потребно време за читање: < 1 минута

Тешко е или лесно да се биде искрен, поготово во ова наше време на лаги измами, итрини, недоверба? Тоа е прво и последно прашање од чиј одговор најмногу зависи сегашноста сосе иднината во неа. Има и прашања во меѓупросторот што го создава тоа како прво и последно:

Очекуваш возврат на твоето нескриено, нескриено, незаобиколно искажување на мислење и чувствување? Во чија искреност се сомневаш, а во чија не? Не чувствуваш потреба искреноста да ја провериш пред да ја прифатиш?

Се знае за искреноста:

Својствена ѝ е на личност, а во себе ги содржи вистината, вистинољубивоста и доследноста; изразува несомнени чувства и намери спрема некој или некои; таа е доблест што ја има човек со сите чувства, верувања и желби што го определуваат како човек.

Искрениот одговор на секое прашање е проверлив, но тој истовремено бара возврат. Искреност за искреност.

Какво е искреното однесување? Најпрепознатливо од сите други.

Спротивен одговор на искреното прашање и на искреното однесување е лицемерието.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 195