Најважна, најпрва и најголема цел во животот на човекот, како единка и како дел од заедница, е и мора да биде живот во хармонија со природата. Значи рамномерно, рамносилно, споделувачки и со меѓусебно согласување и надополнување. Но, можна ли е таа ако човекот не е во хармонија со себесии во себе? Секако не. Значи тој со самопочит, со лично достоинство, со свесност за сопственото постоење.
Никогаш да не се заборави на хармоничните односи меѓу материјалниот и нематеријалниот свет. Меѓу минливостите и дребнавостите од една, а од друга страна возвишените и трајните вредности.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 168