Се наредиле бели и црни мермерни гробови во кои се погребани велики луѓе на народ во исчезнување.
Се наредиле или ги наредил тој? Судејќи според истоста и раздалеченоста меѓу нив, повеќето се наредиле, отколку што ги наредиле?
Зошто бели и црни, а не само бели, а не само црни? Поради некаква разлика или некои разлики меѓу мртвите велики луѓе?
На прашањава не знаат да одговорат се поретките посетители од народот во исчезнување. Можеби го знаат одговорот, но го молчат молчешкум стоејќи пред нив неколку минути, пред покрај нивните имиња да стават букети цвеќе или мали венци и да запалат свеќи.
Најзабележливо е што како мине времето, така се се помалу на број мали деца и средовечни меѓу посетителите од народот во исчезнување.
Гробовите забрзано тонат во мир и тишина.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 127