Грмење

Јанѕи од јава во јазол

Грми силно и долго
Не се знае од кога
Од многу одамна
Но никако да заврне
Да истури
Па да престане.

Грмењево не иде
Од меѓу облаци кои
Без причина
Се судираат заедно
Со молњи.

Од мрачни простори
Иде
Во кои живеат
Секакви сеништа
Меѓу луѓе.

Грмат заедно
Продорно
А не е јасно зошто
Кога веќе почна
Да дува сè посилно
Северец
Чија цел не се крие
Да ги одвее негде
Во беспатје. Сè уште ниеден гром
Не удрил на сувава
На голава земја.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 41

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.